Немаат врата во бањата, уредувале по Пинтерест – Мила Кунис и Ештон Кучер го покажаа домот, за кој ги обвинија дека им смрди (фото)

„Сакавме куќата која е изградена од 1930-ите години да изгледа како стара штала, а реновирањето траеше 5 години“ – изјавија Мила и Ештон за домот за кој од фановите беа критикувани дека им смрди. Сепак, тие живеат во раскошна и чиста куќа, за чие уредување собирале идеи од Пинтерест, а интересно е дека немаат врати ниту во тоалетот.

mila-kunis-i-eshton-kucher-so-sliki-od-pinterest-go-renoviraa-semejniot-dom-kukja-od-drvo-od-1930-te-so-vpechatlivi-detali-shtala-za-zabava-bunar-i-pole-so-pchenki-01.jpg

Ештон и Мила важат за луѓе кои ја кријат својата приватност, не објавуваат скоро ништо на социјалните мрежи, а јавноста речиси и да не знае како изгледаат нивните деца.

Иако неодамна зборуваа за чудните хигиенски навики во воспитувањето и одгледувањето на децата, и со тоа првпат открија нешто повеќе за своето семејство, јавноста остана изненадена што решија да ги отворат вратите на својот дом за списанието Architectural Digest и да покажат како живеат, откако претходно ги искритикуваа дека домот им смрди. 

mila-kunis-i-eshton-kucher-so-sliki-od-pinterest-go-renoviraa-semejniot-dom-kukja-od-drvo-od-1930-te-so-vpechatlivi-detali-shtala-za-zabava-bunar-i-pole-so-pchenki-02.jpg

Куќата во која живеат Мила и Ештон со своите две деца е изградена во 1930-тите години. Се наоѓа во Беверли Хилс, на рид од кој се гледа Лос Анџелес.

Освен што на прва делува смирено, со чисти линии и во земјени тонови, куќата плени и со својата околина.

Во дворот Мила и Ештон имаат ископан бунар за да ја наводнуваат земјата, а среде корона во еден дел од имотот засадија поле со пченки и ги одгледаа заедно со децата Вајат Изабел и Димитри Портвуд.

mila-kunis-i-eshton-kucher-so-sliki-od-pinterest-go-renoviraa-semejniot-dom-kukja-od-drvo-od-1930-te-so-vpechatlivi-detali-shtala-za-zabava-bunar-i-pole-so-pchenki-04.jpg

Оваа француска неокласична палата ја дизајнирал архитектот Самнер Сполдинг во раните 1930-ти, а ја реновирал легендарниот дизајнер Анри Семјуел во 1980-тите.

Но, најновиот изглед на куќата се должи на идеите на актерите, кои решија да направат едноставно, а пријатно место за живеење.

mila-kunis-i-eshton-kucher-so-sliki-od-pinterest-go-renoviraa-semejniot-dom-kukja-od-drvo-od-1930-te-so-vpechatlivi-detali-shtala-za-zabava-bunar-i-pole-so-pchenki-05.jpg

Веднаш до куќата има базен, а покрај него стаклен амбар во кој доминира кристален лустер и огромна гарнитура за седење.

На едниот крај од отворената дневна соба која е поврзана со трпезарија, е поставена впечатлива маса, дополнета со антиквитетен килим и винтиџ светилка.

mila-kunis-i-eshton-kucher-so-sliki-od-pinterest-go-renoviraa-semejniot-dom-kukja-od-drvo-od-1930-te-so-vpechatlivi-detali-shtala-za-zabava-bunar-i-pole-so-pchenki-03.jpg

„Сакавме дом, а не имот. Сакавме куќата да изгледа како стара штала, нешто што беше тука со децении, а потоа беше претворено во куќа. Но, исто така, мораше да се чувствува и допирот на нешто модерно и релевантно“, вели Кунис.

Имотот од шест хектари има главна куќа поврзана со гостинска куќа или штала за забава, самостоен павилјон за скара.

mila-kunis-i-eshton-kucher-so-sliki-od-pinterest-go-renoviraa-semejniot-dom-kukja-od-drvo-od-1930-te-so-vpechatlivi-detali-shtala-za-zabava-bunar-i-pole-so-pchenki-10.jpg

Реновирањето на имотот траело пет години. И Ештон и Мила собирале идеи од Пинтерест за да ги исполнат нивните лични визии за проектот. Потоа ги споредиле идеите кои ги имале на табли.

„Да се изгради куќа од темел не е мала работа. Знаевме дека ова или ќе нè зајакне или ќе нè скрши. Кога ги споредивме меѓусебните табли, 90 отсто од сликите што ги избравме беа исти“, велат тие за предизвикот.

mila-kunis-i-eshton-kucher-so-sliki-od-pinterest-go-renoviraa-semejniot-dom-kukja-od-drvo-od-1930-te-so-vpechatlivi-detali-shtala-za-zabava-bunar-i-pole-so-pchenki-07.jpg

Во изградбата се користени одржливо дрво, бетон и стакло.

Куќата скоро и да нема врати, бидејќи актерите сакаат да го задржат изгледот на отворен простор. Врати нема ни во тоалетите.

„Никогаш не верував дека ќе можам да одам во тоалет со отворена врата, но откако почнав да живеам со Ештон и со децата, сфатив дека воопшто не е важно дали ќе ја затворам вратата, зашто нема некоја разлика“, рече неодамна Мила во интервју.

mila-kunis-i-eshton-kucher-so-sliki-od-pinterest-go-renoviraa-semejniot-dom-kukja-od-drvo-od-1930-te-so-vpechatlivi-detali-shtala-za-zabava-bunar-i-pole-so-pchenki-11.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

15 сингл мажи покажаа како си го уредиле домот: Од празни ѕидови до совршен ентериер (фото) 15 мажи кои живеат сами, сами го уредиле и просторот во кој живеат. А нивните до...
Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
Идеи како да го средите хаосот над машината за перење (и да не се срамите пред гости) Расфрлани шминки, дезодоранси, по некој детергент и уште тон работи натрупани на...
7 предмети кои ќе му дадат доза на луксуз и на наједноставно уредениот дом Апстрактна слика во 2 или 3 дела за луксузен изглед на домот, необичен раскошен ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg