Кај Анета дома: „Големата гарнитурата ми е погодок, а малиот број на фиоки во кујната ми е промашување“

„Ја обожавам белата лулашка во дневната соба. Преудобна е, издржлива е и за голема килажа до сто килограми, а во неа ужива мојот син Тино (4), но и јас и сопругот. Промашување пак ни е што не ставивме никакво осветлување над шанкот во кујната, додека уредувавме“, споделува Анета од Кавадарци за CRNOBELO.com.

kaj-aneta-doma-golemata-garniturata-mi-e-pogodok-a-maliot-broj-na-fioki-vo-kujnata-mi-e-promashuvanje-01.jpg

Анета (32) живее во Кавадарци со сопругот и 4-годишното синче Тино во стан од 90 метри квадратни.

Таа вели дека ја обожава топлината во нејзиниот дом и начинот на кој го уредиле, но сепак ако го врати времето наназад би направила неколку минимални промени.

Анета за CRNOBELO.com споделува кои се најпрактичните и најфункционални работи кои ги направила при уредувањето на домот, а кои најнепрактичните:

„Како и повеќето млади парови кои ќе купат стан, неговото уредување ни беше со ограничен планиран буџет, па се потрудивме сè да е естетски средено по наш вкус, но функционално, и лесно за одржување.

kaj-aneta-doma-golemata-garniturata-mi-e-pogodok-a-maliot-broj-na-fioki-vo-kujnata-mi-e-promashuvanje-17.jpg

И секако, кога сè е готово и почнуваш да живееш таму, секогаш го има она: „Ова можеше да се направи вака“ или „Следно реновирање ова ќе го смениме“.

kaj-aneta-doma-golemata-garniturata-mi-e-pogodok-a-maliot-broj-na-fioki-vo-kujnata-mi-e-promashuvanje-08.jpg

Како полн погодок најпрво би ја издвоила аголната гарнитура која е голема по димензии и иако нашата е без механизам, нуди бескрајна удобност особено со наслоните за глава кои се приспособуваат во повеќе нивоа. 

kaj-aneta-doma-golemata-garniturata-mi-e-pogodok-a-maliot-broj-na-fioki-vo-kujnata-mi-e-promashuvanje-11.jpg

Широка е и комфорна за уживање преку ден, но и одлична за спиење ноќе.

kaj-aneta-doma-golemata-garniturata-mi-e-pogodok-a-maliot-broj-na-fioki-vo-kujnata-mi-e-promashuvanje-07.jpg

Кога станува збор за кујната, сметам дека изборот за бел мат медијапан ни беше добар, бидејќи е многу лесен за одржување и буквално ништо не се познава на неа, но жалам што во долните елементи не вметнавме повеќе фиоки.

kaj-aneta-doma-golemata-garniturata-mi-e-pogodok-a-maliot-broj-na-fioki-vo-kujnata-mi-e-promashuvanje-18.jpg

Сметам дека се многу пофункционални и подобри за организацијa, а нашата кујна има само три.

kaj-aneta-doma-golemata-garniturata-mi-e-pogodok-a-maliot-broj-na-fioki-vo-kujnata-mi-e-promashuvanje-14.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје приреди Halloween забава дома - со пајажина, лилјаци, висечки свеќи (фото) „Традиционално веќе четврта година со моите пријатели го обележавме Halloween со...
Дел од најубавите новогодишно украсени домови на Македонци, на прагот од 2025-та (фото) Oд броење на последните месеци при очекувањето на приновата покрај елка до семеј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg