Кај Александра дома: „Полиците со различна висина ми се погодок, но вградениот аспиратор ми е промашување“ (фото)

Димензијата на фиоките ја правев според организерите кои беа планирани за нив, не барав организери според фиоките.

kaj-aleksandra-doma-policite-so-razlichna-visina-mi-se-pogodok-no-vgradeniot-aspirator-mi-e-promashuvanje-foto-05.jpeg

На почетокот тоа делува комплицирано, но сега е сè перфектно вклопено.

kaj-aleksandra-doma-policite-so-razlichna-visina-mi-se-pogodok-no-vgradeniot-aspirator-mi-e-promashuvanje-foto-04.jpeg

Следно нешто од што сум презадоволна е тоа што целиот мебел е кренат на ногарки или прицврстен на самиот ѕид.

Интересно е што пред да се вселам купив робот за чистење (кој според мене исто така е must-have во секој дом), па наменски за него, го изведов и мебелот.

kaj-aleksandra-doma-policite-so-razlichna-visina-mi-se-pogodok-no-vgradeniot-aspirator-mi-e-promashuvanje-foto-20.jpeg

Немам проблем со задржување на прашината под мебелот. Порано за тоа се чекаше генералка, а сега секое чистење е генералка.

kaj-aleksandra-doma-policite-so-razlichna-visina-mi-se-pogodok-no-vgradeniot-aspirator-mi-e-promashuvanje-foto-15.jpeg

Исто така, многу ми беше битно да се искористи целиот простор во изведбата на кујната, шкафовите во спална и чевларникот во ходникот. Просторот е максимално искористен и секако, нема простор за таложење на прашината.

kaj-aleksandra-doma-policite-so-razlichna-visina-mi-se-pogodok-no-vgradeniot-aspirator-mi-e-promashuvanje-foto-17.jpeg

Светлиот под е исто така нешто што повторно би го одбрала, бидејќи е многу поблагодарен за одржување, за разлика од темниот.

Една од попрактичните работи во домот е флексибилната чешма на мијалникот во кујна, која се нагодува висински по потреба (ја има подолу на фотографија со мијалникот).

Исто така шкафчето за пеглање и складирање на непегланата гардероба е нешто што го искористив максимално во овие месеци, во секое време ми стои на дофат, а е прекрасен украс во домот.

kaj-aleksandra-doma-policite-so-razlichna-visina-mi-se-pogodok-no-vgradeniot-aspirator-mi-e-promashuvanje-foto-08.jpeg

Ако треба да издвојам неколку работи во домот кои ако се вратам од почеток веројатно би ги направила поинаку, со сигурност под број 1 би бил целосно вградениот аспиратор, кој го ставив од естетски причини, кујната да добие убав лик и да нема разлика во висината на вратичките.

Тотално непрактичен и нефункционален. Нема капацитет да ја собере целата пареа особено не онаа од предните рингли, бидејќи не е на извлекување.

kaj-aleksandra-doma-policite-so-razlichna-visina-mi-se-pogodok-no-vgradeniot-aspirator-mi-e-promashuvanje-foto-14.jpg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Александра Шијакоска ја покажа детската соба на новородениот син Риан: „Моето ново омилено катче“ Александра Шијакоска ужива во улогата на мајка на новородениот син Риан, за кого...
15 сингл мажи покажаа како си го уредиле домот: Од празни ѕидови до совршен ентериер (фото) 15 мажи кои живеат сами, сами го уредиле и просторот во кој живеат. А нивните до...
Еден од најубаво уредените домови во регионот се наоѓа во Србија (фото+видео) „Ентериерот на нашиот дом треба да го носи печатот на нашите души. Тој не треба ...
На гости кај инфлуенсерката Софија Јанева: Есенски декориран стан во Скопје (фото) „Во мојот дом мирисот на есента се оживува со рецепти како пита од тиква, печење...
Никола од Скопје приреди Halloween забава дома - со пајажина, лилјаци, висечки свеќи (фото) „Традиционално веќе четврта година со моите пријатели го обележавме Halloween со...
20 идеи како да додадете топлина и модерен изглед во домот со дрвени панели (фото) Изгледаат одлично како декорација на мал дел од ѕидот, но слободно можете да пре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg