На гости кај Драгана: Есенска бајка во стан во Гостивар со тикви и цвеќе (фото)
„Многумина ќе речат во есен има магливи утра, дождови и ветер, но јас ја сакам таа преубава топла атмосфера со варени костени, чај и убава книга. Преплетени нијанси на портокалово, жолто и кафеаво…Тикви, цвеќиња, разни есенски украси. Сето ова се трудам да го доловам во мојот дом“, вели Драгана Ѓорѓиевска од Гостивар за CRNOBELO.com.
Драгана Ѓорѓиевска живее во стан во Гостивар со сопругот и двете дечиња и во секој период од годината нејзиниот дом е тематски украсен.
Периодов тој е во најубавите бои на есента.
Драгана за CRNOBELO.com открива зошто ја обожава есента и кои материјали ги користела при китењето:
„Идилични пејзажи, раскош од бои, распослани златни лисја, бисерни сончеви зраци. Есента е магична. Со себе носи незаборавна атмосфера. Тикви, цвеќиња, разни есенски украси. Сето ова се трудам да го доловам во мојот дом.
Многумина ќе речат во есен има магливи утра, дождови и ветер, но јас ја сакам таа преубава топла атмосфера со варени костени, чај и убава книга. Преплетени нијанси на портокалово, жолто и кафеаво…
Во мојот дом, како и што се гледа на фотографиите, е украсено со разни елементи кои асоцираат на есен. Дел од нив ги имаме во природата, дел ги купувам во локални цвеќарници, но и да не ги заборавам малите бизниси на Инстаграм кои навистина се трудат да создадат нешто магично.“
Есенската бајка во домот на Драгана:
Прочитајте и На гости кај Драгана Ѓорѓиевска: Совршено уреден стан во Гостивар (фото)
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело