Кул идеја од Маја од Охрид: Издлабени тикви како саксии за есен (фото)
Идејата на Маја Гугоска од Охрид дефинитивно ќе ве инспирира и вас. Издлабени тикви како саксии за есен, уникатно и впечатливо, зарем не?
Маја Гугоска од Охрид е креативна кога станува збор за уредувањето на домот, а особено за надворешниот простор.
Па, така таа во Охрид има совршено уредена тераса во својот стан, но и совршено уредено дворче на имот во близина на Охрид.
Станува збор за дворчето од нивната стара викендица, или како што вели Маја, нема ниту викендица, туку станува збор само за старо куќарче, кое има поглед на Охридското Езеро.
Со базен, лулашки, перничиња и најубавото зајдисонце, таа ужива со семејството во нивото „мало парче рај“.
Сега, Маја ја покажа својата креативност со правење на уникатни саксии.
Таа издлаби две тикви и од нив си направи уникатно место за да ги посади своите сукуленти.
„Издлабена тиква како саксија за оваа есен“, напиша таа во описот на фотографиите на нејзиниот Инстаграм профил.
Креативна идеја, зарем не?
https://www.instagram.com/p/CjVrkyostBe/
Упатство како би можеле да си направите вакви саксии од тикви:
Прочитајте и На гости кај Маја: Дворче со базен во Охрид создадено за уживање (фото)
С. С. | Црнобело