Предмети во бањата од кои треба да се ослободите за да не изгледа неуредно
Купете нови крпи, скријте ги продуктите за чистење и заменете ги амбалажите на продуктите со убави кутии – доволни се неколку мали промени во бањата за веднаш да го освежите нејзиниот изглед.
Нема потреба да ја реновирате бањата за да ѝ го подобрите изгледот. Некогаш доволно е да обрнете внимание на некои ситници кои прават голема разлика.
За Insider, неколку дизајнери на ентериер споделуваат од кои предмети да се ослободите за да го подобрите изгледот на бањата:
Заменете ги амбалажите на продуктите со убави кутии
Во бањата сите чуваме продукти како чепкалки за уши и тупфери. Но, наместо да ги чувате во амбалажата што сте ги купиле, складирајте ги во убави стаклени кутии.
На овој начин веднаш ќе го подобрите изгледот на бањата, и тоа за минимална сума пари.
Оставете само едно килимче
Ако имате две, три или повеќе килимчиња во бањата, само ќе изгледа натрупано.
Сосема доволно е да имате едно килимче со интересен дезен или боја што одговара на ентериерот.
Старите крпи прават голема разлика во изгледот
Старите, избледени крпи можат да го уништат изгледот на целата бања.
Па, купете нов сет со бои кои одговараат на бањата и веднаш ќе забележите разлика.
Расфрланите предмети прават бањата да изгледа хаотично
Ако имате шкафчиња во бањата, пробајте сите продукти да ги складирате во нив.
Ако немате, потрудете се да им најдете место на сите продукти и предмети и немојте само да ги трупате на полиците.
Користете течен сапун
Тврдиот сапун остава многу траги на неговиот држач и по неколку користења станува кашест. А, и ова има влијание врз изгледот на бањата.
Затоа, купете си убав сад за течен сапун кој одговара со ентериерот и дополнувате го по потреба.
Скријте ги продуктите за чистење и тоалетната хартија
Резервните ролни тоалетна хартија и бројните продукти за чистење исто така влијаат врз изгледот на бањата.
Ако имате шкафчиња, ставете ги овие предмети во нив. Ако немате, импровизирајте со убави кутии или корпи за складирање.