10 детали во ентериерот што ќе направат вашиот дом да изгледа луксузно
Офарбајте ги бравите со мат боја во сребрена или бронзена нијанса, ставете винтиџ тепих во дневната соба и слободно комбинирајте неколку различни стилови во просторијата.
Ако реновирате, треба да избегнувате некои грешки ако сакате вашиот дом да изгледа луксузно. Но. истовремено, можете да постигнете сличен ефект само со некои мали промени во ентериерот, односно без реновирање.
Кои детали ќе ви помогнат вашиот дом да изгледа полуксузно?
Големи огледала
Големите огледала се едноставен начин визуелно да го зголемите просторот и драстично да го подобрите изгледот на просторијата.
За полуксузен изглед, можете да ставите едно големо, или неколку помали огледала.
Брави и рачки на шкафови кои не се оштетени
Иако се мал детаљ, бравите и рачките на шкафовите можат да направат драстична разлика во изгледот на ентериерот.
Па, ако бравите и рачките во вашиот дом се оштетени, добро би било да ги замените или да ги офарбате. Ако ги фарбате, препорачливо е да ставите мат боја, најдобро со сребрена или бакарна нијанса.
Спој на повеќе материјали
Дизајнерите на ентериер препорачуваат да комбинирате повеќе материјали во една просторија, како дрво, стакло, метал и слично.
Во овој случај не мора да купувате нов мебел. Доволно е во собата да додадете некој мал детаљ направен од друг материјал.
Винтиџ тепих
Теписите што нè потсетуваат на детството повторно се хит и изгледаат навистина луксузно, а притоа ја прават просторијата „потопла“.
Детали со контрастни бои
Деталите со контрастна боја, како перница, па дури и фотелја или стол, можат значително да го подобрат изгледот на просторијата.
Во овој случај најдобро е да има барем три предмети со контрастната боја. На пример, ако во дневната доминираат неутралните нијанси, можете да ставите перници, фотелја и некој украс со контрастна боја, како темносина.