Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


9 работи кои оддаваат „дом без вкус“

Непривлечни саксии за цвеќе - Вашите убави растенија, заслужуваат тренди саксии, тие навистина ќе му дадат шарм на просторот.

9-raboti-koi-oddavaat-dom-bez-vkus-01.jpg

Домот е место каде треба да се чувствуваме убаво и пријатно, но понекогаш мали работи може да го расипат неговиот изглед и атмосфера.

Работи кои оддаваат „дом без вкус“:

Неуредна козметика во бањата

Вашата козметика сместете ја во некоја корпа за да не ѝ дава хаотичен изглед на вашата бања.

Кабли на видливи места

Како што расте бројот на електрични апарати во домаќинството, така расте и бројот на кабли и за да спречите хаотичен изглед мора да поставите специјални кутии или да ангажирате експерт за најсоодветно да ги спроведе.

9-raboti-koi-oddavaat-dom-bez-vkus-02.jpg

Непривлечни саксии за цвеќе

Вашите убави растенија, заслужуваат тренди саксии, тие навистина ќе му дадат шарм на просторот.

Демоде чинии од 90-тите

Непривлечните чинии веднаш ќе бидат забележани од страна на гостите, па убаво би било да инвестирате во модерен сет, кој ќе говори многу за вас и вашиот вкус.

9-raboti-koi-oddavaat-dom-bez-vkus-04.jpg

Цветни завеси

Можеби некогаш биле хит, но денес на домот му даваат демоде изглед. Наместо тоа, одберете некои со геометриски форми.

Сјај за садови, течен сапун и детергенти во несоодветни пакувања

Замислете ја вашата тренди кујна со сјај за садови во пластично шише со налепница на него, не прилега зарем не? Наместо тоа, купете специјална амбалажа која ќе соодветствува на просторот.

9-raboti-koi-oddavaat-dom-bez-vkus-05.jpg

Недостиг од силни бои

Недостигот од елементи во силни бои ќе направи вашиот ентериер да изгледа здодевно и монотоно. Задолжително додадете перничиња во силни бои или некаков тип на впечатливи украси.

Расфрлани чевли во ходникот

На овој начин ќе оставите лош впечаток пред гостите уште на самиот влез. Овој мал простор мора да го опремите со практично шкафче, кое ќе понуди доволно место за вашите чевли.

9-raboti-koi-oddavaat-dom-bez-vkus-03.jpg

Хаотично наредени сувенири

Убаво е што од секаде сакате да си донесете по некој сувенир и да си го разубавите просторот, но мора да направите селекција што ќе ви стои на полиците, а што ќе спакувате во кутии и ќе го извадите по некоја година кога ќе му најдете соодветно место.

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

16 работи кои се нормални во нашите домови, а се чудни за странците Речиси во секој дом има кристален сет чаши кои никој не ги користи, немаме утили...
15 сингл мажи покажаа како си го уредиле домот: Од празни ѕидови до совршен ентериер (фото) 15 мажи кои живеат сами, сами го уредиле и просторот во кој живеат. А нивните до...
Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
Идеи како да го средите хаосот над машината за перење (и да не се срамите пред гости) Расфрлани шминки, дезодоранси, по некој детергент и уште тон работи натрупани на...
8 трикови од минималистите (за да имате секогаш уреден и чист дом) Трик за заштеда на простор: Ако минималистите купат апарат за во кујната, тој си...
7 предмети кои ќе му дадат доза на луксуз и на наједноставно уредениот дом Апстрактна слика во 2 или 3 дела за луксузен изглед на домот, необичен раскошен ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg