Кај Ивана дома: „Белиот мебел ми е погодок, но изборот на ламинат ми е промашување“ (фото)
Како добра одлука би рекла дека ми е и малата масичка во кујна, со што избегнувам постојано носење на чинии, јадење итн. од кујна во трпезарија. За мене кујна и дневна соба/трпезарија на едно се нешто што не доаѓа предвид.
Погрешна процена направив и при избор на гарнитура, бидејќи избрав преголема гарнитура. Но барем е многу удобна и лесна за одржување, а има простор за складирање.
Особено сум задоволна со изборот на бел мебел, кој многу лесно може да се комбинира со скоро сите бои, така што на пример со промена на декорацијата од една во друга боја се добива целосно друг изглед. И што е најважно е многу лесен за одржување.
Особено сум вљубена во полиците за книги, за кои долго време размислував, бидејќи дневната соба не ми е многу голема, но се покажаа како полн погодок и идеално надополнување.
Не само што се практични, но и се детаљ кој и дава топлина на дневната соба.
Како добар избор би ја одвоила и тркалезната кафе масичка со стакло во дневна соба, бидејќи како што веќе споменав дневната соба не е многу голема и каква било друга масичка дополнително би го намалила просторот.
Едни од моите омилени парчиња мебел сепак се старите, кои по реставрирање добија сосема нов изглед и даваат особена топлина на просторот.“