Кај Ивана дома: „Белиот мебел ми е погодок, но изборот на ламинат ми е промашување“ (фото)

„Мат ламинатот во сива боја e големо измачување, бидејќи буквално најмалата прашинка на него се познава и многу тешко се одржува, a како добра одлука би рекла дека ми е и малата масичка во кујна, со што избегнувам постојано носење на чинии, јадење итн. од кујна во трпезарија.“, вели 35-годишната Ивана за својот стан.

kaj-ivana-doma-beliot-mebel-mi-e-pogodok-no-izborot-na-laminat-mi-e-promashuvanje-foto-01.jpg

Ивана (35) веќе 7 години живее и работи во Германија. Уредувањето на ентериерот ѝ е омилено хоби и во својот дом постојано прави драстични промени.

Ивана за CRNOBELO.com споделува кои се најпрактичните и најфункционални работи кои ги направила при уредувањето на домот, а кои најнепрактичните:

„Како едно од најголемите промашувања при уредување на станот би рекла дека ми е изборот на ламинат.

kaj-ivana-doma-beliot-mebel-mi-e-pogodok-no-izborot-na-laminat-mi-e-promashuvanje-foto-21.jpg

Мат ламинат во сива боја, големо измачување, бидејќи буквално најмалата прашинка на него се познава, а и многу тешко се одржува.

kaj-ivana-doma-beliot-mebel-mi-e-pogodok-no-izborot-na-laminat-mi-e-promashuvanje-foto-19.jpg

Може сето тоа немаше да ми пречи толку многу, ако бојата не ми досадеше по кратко време. Но, за среќа со помош на теписи, успевам и тој недостаток, колку толку да го прикријам.

kaj-ivana-doma-beliot-mebel-mi-e-pogodok-no-izborot-na-laminat-mi-e-promashuvanje-foto-02.jpg

Така што моја препорака при избор на ламинат/паркет, бирајте во природни тонови, не трендовско бидејќи ламинат/паркет не се менува секоја година.

kaj-ivana-doma-beliot-mebel-mi-e-pogodok-no-izborot-na-laminat-mi-e-promashuvanje-foto-05.jpg

Доколку сега би правела кујна, дефинитивно би направила повеќе фиоки, а не шкафчиња. Фиоките ми се многу попрактични, додека шкафчиња колку и да се трудиш да бидат средени, во споредба со фиоките изгледаат многу понепрегледно и понеуредно, а јас бидејќи сум малку перфекционист во однос на подредување ми пречи таквиот неуреден изглед.

kaj-ivana-doma-beliot-mebel-mi-e-pogodok-no-izborot-na-laminat-mi-e-promashuvanje-foto-27.jpg

Но, во целост со кујната сум задоволна и среќна што не се одлучив за повеќе висечки шкафчиња (што прво го сметав за недостаток), бидејќи само би ја затвориле и би изгледала како и сите други кујни. А за складирање има сосема, доволно место.

kaj-ivana-doma-beliot-mebel-mi-e-pogodok-no-izborot-na-laminat-mi-e-promashuvanje-foto-16.JPG

Јас и не сакам да собирам работи што не ги користам, така што од сè што ми е непотребно и не го користам подолг период се ослободувам. Најважно е што е многу лесна за одржување и не се познаваат прсти на неа по секое отворање на шкафчињата.

kaj-ivana-doma-beliot-mebel-mi-e-pogodok-no-izborot-na-laminat-mi-e-promashuvanje-foto-25.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

15 сингл мажи покажаа како си го уредиле домот: Од празни ѕидови до совршен ентериер (фото) 15 мажи кои живеат сами, сами го уредиле и просторот во кој живеат. А нивните до...
Еден од најубаво уредените домови во регионот се наоѓа во Србија (фото+видео) „Ентериерот на нашиот дом треба да го носи печатот на нашите души. Тој не треба ...
Никола од Скопје приреди Halloween забава дома - со пајажина, лилјаци, висечки свеќи (фото) „Традиционално веќе четврта година со моите пријатели го обележавме Halloween со...
На гости кај инфлуенсерката Софија Јанева: Есенски декориран стан во Скопје (фото) „Во мојот дом мирисот на есента се оживува со рецепти како пита од тиква, печење...
20 идеи како да додадете топлина и модерен изглед во домот со дрвени панели (фото) Изгледаат одлично како декорација на мал дел од ѕидот, но слободно можете да пре...
Спој на луксуз и свежина – Идеи како да ја уредите бањата со зелени плочки (фото) Зелената боја смирува, а лесно се вклопува во бањата бидејќи изгледа одлично со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg