9 совети за уредување со кои ќе го извлечете најдоброто од малиот ходник
Не претерувајте со украсите на ѕидот
Украсите на ѕидот ќе го освежат ходникот, но внимавајте да не претерате. Ако ставате слики, закачете само една-две, а ако ставате други украси, најдобро е да бидат со минималистички дизајн.
Добро осветлување
Светлото во просторијата е исто важно колку и мебелот и неговиот распоред. Ако имате мал ходник одберете лустер со едноставен дизајн, а можете да поставите и подна ламба која ќе го направи просторот поудобен.
Додајте растенија
Растенијата изгледаат одлично во буквално секоја просторија. Растенијата во ходникот ќе ја разбијат монотонијата на светлите бои и целиот простор ќе изгледа многу подобро.
Ставете огледало
Огледалата ви се најдобриот сојузник кога сакате визуелно да зголемите некоја просторија. Покрај тоа, огледалото во ходникот е многу практично и корисно.
Комбинирајте две бои
Ако сепак сакате подречлива боја за во ходникот, искомбинирајте ја со светла, односно направете контраст. Вака нема да го затворите просторот, а сепак ќе го освежите со живите бои.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





