Кај Христина дома: Шик плочките во кујната ми се погодок, но малиот број фиоки ми се промашување (фото)
Најголема и свесна грешка во овој простор ми е просторот за складирање – плакари. Го искористивме тоа што имавме, плакари од собите на сопругот и неговата сестра и добивме мал, но корисен простор за периодот кој ни престои. Убава работа е што кога немаш голем простор за складирање лесно се одделуваш од сè непотребно складирано за овие 4 години.
Нешто што ми е непребол во моментов е што живеам во простор без тераса, тераса која за мене е дневна и трпезарија од март до октомври. Недостигот од цвеќе надворешно го заменив со собно цвеќе и можам да кажам дека супер ми се вклопи тука толку цвеќе, со оглед на тоа дека располагам со голема дневна и трпезарија со кујна, во која преовладува кровна дневна светлина.
Предноста што ја добивме е детската соба за Јан, која сè уште е во фаза на досредување и преуредување. Меѓутоа тој целосно ужива во неа.
Она што е „лесно“ кога имаш парчиња различен, стар мебел е дека можеш со малку финансии и многу љубов и работа да ги претвориш во нови. Неколку четки боја, фолии самолепливи и нештата можат да заличат како нови. Да се вклопат во просторот и да му дадат смисла. Ваквите проекти се вистинско уживање. Ние дефинитивно уживавме во реставрирањето на библиотеката.
Едно мало богатство лежи на овие полици со книги, ова е дел од библиотеката на свекрва ми која ја наследивме на вселување. Таа сакаше да ја фрлиме и да купиме нова која ќе одговара на нашиот ентериер, ние само решивме да ја адаптираме сами и тоа брзо, лесно и едноставно. Само со префарбување со бела мат боја, и прскање на полици со бел мат спреј, добивме библиотека која одлично одговара за кај нас.
Малата трансформација од категорија направи сам, не ја прави библиотеката ниту раскошна, ниту спектакуларна, но книгите кои се дел од неа и ја красат ја прават вредна милиони.“
Погледнете и како изгледаше станот на Цики во кој таа живеела 4 години - Црно-бела хармонија: Стилски уредениот стан на Цики од Скопје (фото)
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело