Црно-бела хармонија: Стилски уредениот стан на Цики од Скопје (фото)
- Детали
- сабота, 13 јуни 2020
Во црно-бело уредениот стан на Цики секој детаљ е внимателно одбран, терасата ѝ е мини рај, а точките вечна опсесија.
Христина или меѓу пријателите позната како Цики од Скопје, има 31 година, по професија e менаџер на човечки ресурси, а пасија ѝ се ентериери и сѐ поврзано со уредување на домот.
На својот Инстаграм профил таа постојано објавува фотки од својот стилскии уреден дом.
За уредувањето на нејзиниот дом таа за CRNOBELO.com открива:
„Од рушење ѕидови до ситни мали шолји и детали закачени, потпрени, наместени разместени, љубовта за внатрешен дизајн е веројатно вродена, ама ми ја разбуди една драга личност, кај која работев еден период во нејзиното студио за ентериери.
Од Лара научив многу за боите, материјалите за сè што може, а што не може да се меша, како да изгледа убаво едно до друго, за симетријата на деталите… Во тој период го средувавме и нашиот дом, па некако работите, односно коцките се поклопија.
Многу сакам црно-бела комбинација, па така и дома сѐ ни е е во таа комбинација или нијанси.
Некој ќе рече нема утка со овие бои, ама ако немаш осет и тоа како можеш да утнеш. Точките ми се една гооолема љубов, многу ги сакам и така точкасто размислувам.
Ги носам на мене, ги имам низ дома, го облекувам синот Јан во точки, кога можам му наметнувам и на Влатко (сопругот) и тој да ги носи.
Овој период од годината уживам во терасата, а инаку во домот секако омилена ми е кујната.
Со каква љубов ја правевме, со колку енергија и замислување и премислување како и секој детаљ и ситница дома и во тој момент мислев дека посовршен ентериер не постои, од нашиот, а сега би сменила милион нешта.
Но, и менувам секој ден, секоја недела го докупувам последниот украс за дома (е уште ова и нема веќе) и така до наредно нешто... Иако домот ми е јинг јанг, црно и бело во главата и емоциите ми е експлозија од бои.“
Фотки од домот на Цики: