Кај Сандра дома: Белата кујна од медијапан ми е погодок, но белите мат плочки ми се промашување (фото)
„Мој совет за висечките шкафчиња во кујната е - секогаш правете ги до плафон. Се добива многу повеќе простор за складирање и не се собира непотребна прашина во горниот дел, а отворените полици дефинтивно избегнете ги, мене ми се погрешен потег.“, раскажува 32-годишната Сандра.
Сандра Малетски има 32 години, по професија е дипломиран педагог - магистер по менаџмент на човечки ресурси, сопруга на Станислав и мајка на 3-годишната ќерка Миа. Таа веќе неколку години со своето семејство живее во Софија.
Во нејзиниот дом преовладуваат светли бои и сѐ е во совршена хармонија, но сепак споделува дека покрај многуте погодоци при уредувањето на нејзиниот дом таа направила и по некоја грешка.
Сандра за CRNOBELO.com споделува кои се најпрактичните и најфункционални работи кои ги направила при уредувањето на домот, а кои најнепрактичните:
Практични работи:
Кујна во бела боја
Кујната е изработена од медијапан во бела боја кој се покажа како едно од најпрактичните нешта во мојот дом.
Лесно е за одржување, не се познаваат нечистотии, отпечатоци од прсти и прашина. Се чисти неверојатно лесно со универзално средство и мека крпа.
Висечки шкафчиња до плафон
Мој совет за висечките шкафчиња во кујната е, секогаш правете ги до плафон. Се добива многу повеќе простор за складирање, не се собира непотребна прашина во горниот дел и визуелно ја прави кујната да изгледа поголема и со повисок таван.
Вагонетка за зачини и масла
За мене ова се покажа многу практично бидејќи зачините и маслата за готвење секогаш ми се средени , скриени и на дофат на рака.
Софа со мебел штоф „Aqua clean“
„Aqua clean“ технологија е вид на ткаенина која што е исклучително лесна за одржување и чистење, особено ако имате мали деца.
Секој вид на нечистотија, дури и фломастер се брише со влажна крпа или влажни марамчиња.
Скриени кабли
Кога го уредувавме домот, најважно нешто за дневната соба ни беше да не се гледаат каблите од телевизорот. Тоа го постигнавме со врадување на каблите во ѕид и штекери скриени во шкафчето на висечката ТВ комода.
Мат сиви плочки во бања
Плочките во бањата ги избравме во сива мат варијанта сè со цел да не се познаваат капки од вода. Можам со сигурност да тврдам дека се покажаа како одличен избор и освен што не се познаваат капки, многу се лесни за чистење.