Девојка од Лондон целосно ја трансформирала кујната за 120 евра – од старомодна до стилски уредена
Со ограничен буџет од само 100 британски фунти или околу 116 евра, оваа мајка решила во целост да го промени изгледот на нејзината кујна и тоа без да повика професионалци. Парите ги вложила во нова боја и нови рачки за елементите.
Беки Лејн (34) на својот Инстаграм профил објавува фотографии и видео снимки од проектите што ги прави сама. Таа се преселила од Лондон во Сури, но набрзо почнала да бара решение за дрвената кујна што била мошне темна и здодевна. Во видеото покажува како овој простор успева да го трансформира во кујна од соништата.
Со цел да ги намали трошоците се одлучила за наједноставното решение, да ја обои целата кујна заедно со мијалникот.
Како што појаснува, парите речиси во целост ги потрошила за боја, а тоа што се одлучила за бела боја помогнало кујната да стане посветла и да изгледа посвежо.
Сè на сè целиот проект бил завршен во текот на еден викенд и за време на неколку вечери додека нејзините деца спиеле.
„Кујната беше во боја на темен бор и не беше по наш вкус. Исто така правеше просторот да изгледа темно и депресивно, а ние сакавме посветло, пошироко, помодерно чувство“ – вели таа.
Пред да ги обои со три слоја боја, Беки прво ги обработила површините. Таа исто така ги променила рачките на висечките елементи, а мијалникот го обоила со боја во спреј.
„Иноксниот мијалник воопшто не одговараше со новите златни рачки... Никогаш претходно не сум видела некој да обои мијалник со боја во спреј. Одлучивме внатрешноста да не ја боиме, туку само надворешниот дел. Мислам дека ја разубавивме кујната и многу ми се допаѓа“ – вели таа.
Погледнете го видеото од трансформацијата на кујната, но и од други проекти објавени на нејзиниот Инстаграм профил:
Б. С. Б. | Црнобело