Идеи за свеќи и свеќници кои ќе му дадат топлина и пријатна атмосфера на домот (фото)
Дали сте од оние кои свеќите ги користат само кога ќе снема струја или за романтична вечера? Време е да го промените тоа и да се инспирирате како да ги користите свеќите и свеќниците.
Деталите се најважното нешто во просторот, а свеќите играат голема улога во додавање топлина, пријатна атмосфера и луксуз во домот.
Свеќите можете да ги ставите како декорација на маса, на комода, во двор, на тераса, па дури и во базен.
Секако, за тоа треба да одберете свеќи и свеќници кои ќе се вклопуваат во ентериерот.
Мирисливи свеќи за релаксирачка арома низ домот, свеќи во боја кои ќе ја разбијат монотонијата во просторот или елегантни свеќници кои ќе дадат доза на луксуз – кој ќе биде вашиот избор?