„Направи сам“ експерт – со помалку од 3.000 долари, девојка од Шкотска сама си ја реновирала куќата (фото)
Со „направи сам“ проекти и туторијали од YouTube, една наставничка од Глазгов, Шкотска, речиси целосно ја реновирала нејзината куќа од 1950-тите за околу 3.000 долари.
Пред половина година, 25-годишната Рејчел Бел од Шкотска си купила куќа изградена во 1950-тите. Скоро целиот мебел во куќата бил застарен и реновирањето било неопходно.
Но, девојката немала буџет да ја реновира куќата со три спални, па инспирирана од „направи сам“ проектите што ги гледала онлајн, решила да ја преземе работата во свои раце.
Со помалку од 3.000 долари, таа успеала да ја реновира дневната, спалната, бањата и кујната, црпејќи инспирација од YouTube и користејќи евтини материјали и работи купени на старо.
„Сфатив дека ги сакам ’направи сам‘ проектите кога ја видов ова куќа. Сакав да ја направам по моја мерка, но немав пари за да платам професионалци. Тогаш заследив еден канал на YouTube и сфатив дека овие проекти може да ги направи секој. Сакав да направам оригинален дом, па се фокусирав на тоа“.
За да ја среди едната од спалните соби, Рејчел потрошила помалку од 150 долари.
Таа вели дека во Шкотска реновирањето на тоалетот чини најмалку 4.000 долари, но со туторијалите од YouTube, таа го средила за околу 200.
„YouTube видеата ми помогнаа да се охрабрам да користам секакви алатки и мислам дека отсега сè ќе си правам сама. Овде можете да најдете безброј туторијали за луѓе кои немаат инакво искуство“, вели таа.
Младата девојка планира да го реновира и ходникот, како и останатите две спални.
„Знам дека извесен период во домот ќе биде расфрлано. Кога реновирате сами, целиот процес трае многу подолго отколку ако најмите професионалец“.
Рејчел има и одличен совет за оние кои сакаат да го пробаат истото:
„Барајте мебел што ви се допаѓа, но потоа најдете начин да го направите или да го купите на старо за половина од цената. Сите можат да бидат експерти за ’направи сам‘ проекти. Одвреме-навреме ќе ви биде тешко, но крајниот резултат ќе ве направи многу горди“.
Спирова С. | Црнобело