Како да ја уредите детската соба според принципот Монтесори? (фото)
Детската соба уредена според принципот на Марија Монтесори е соба во која сè е на дофат на детето и е дизајнирана за тоа да се чувствува безбедно, самостојно и да му овозможува личен развој.
Ова треба да е простор во кој детето ќе може да ги прави работите само: кревет на кој ќе може да се качи и легне само без да може да се повреди и падне, играчки кои ќе му се на дофат, плакар од кој ќе може само да извади алишта и сл.
Ова се главните работи на кои треба да обрнете внимание доколку сакате да го следите овој принцип на уредување на детската соба на вашето дете:
1. Монтесори кревет
За разлика од креветчињата со ограда, кои прават децата да се зависни од вас, да мора да ги качите и извадите од истото, креветите на подот (кои најчесто се и само душек) овозможуваат слобода на движењето, независност и подвижност.
За бебиња имајте на ум креветот да нема ќебиња, перници, ограда или меки животни кои може да ги стават во ризична ситуација.
2. Плакар во кој облеката и чевлите ќе бидат на дофат на детето
Овде може да оставите и предмети за нега – чешел, додатоци за коса, марамчиња.
3. Област за играње
Ниски полици со играчки кои ќе ги менувате и ротирате секојдневно како би го задржале вниманието на детето, а може да има и полица со книги на дофат.
4. На ѕидот закачете слики во бои или цртежи кои се дело на вашето дете
5. Монтесори огледало, закачалки на кои детето лесно ќе може да ги постави своите предмети
Огледалото ја зајакнува самодовербата, а дечињата уживаат да се гледаат себеси.
6. Играчките секогаш треба да бидат организирани безбедно и во практични садови/корпи
Не го затрупувајте детето со играчки.
7. Мала масичка и столче на кое ќе може да си игра и да прави сензорни активности
Е. П. | Црнобело / фото: Pinterest