Едноставни и модерни идеи за есенски декорации во домот (фото)
Уште ги трпиме летните горештини, но есента само што не стапнала на прагот, па веројатно веќе сте размислувале како да ја внесете новата сезона во вашиот дом.
Почетокот на секоја сезона е одлично време да го освежите домот и да му дадете, во овој случај, есенски шмек.
А, најдоброто е што нема потреба да правите големи и скапи реновирања – доволно е да промените само неколку елементи за да го претворите домот во есенска оаза.
Во продолжение погледнете три практични и модерни идеи за есенски декорации во домот:
Внесете повеќе светлина
Бидејќи денот постепено се намалува, добро би било да го направите домот посветол. За ова, од огромна помош ќе ви бидат столните ламби, но и малите сијалички.
За да имате совршено амбиентално светло во домот, осигурете е дека ќе имате 2 до 4 извори на светлина во просторијата, и веднаш ќе ја забележите разликата.
Текстура
Во есен и во постудените месеци сите сакаме домот да изгледа потопло и поудобно, а за ова треба да обрнете внимание на текстурите. Елементите од дрво или кожа ќе го направат просторот многу потопол.
Ако не планирате да купувате нов мебел, тогаш доволно е во собата да додадете мек тепих или дипла со кафеава или друга топла нијанса. Истовремено, можете да го дополните просторот и со перници и прекривка со топли бои.
Заменете го свежото цвеќе со суво
Ако немате време и средства за поголеми промени во домот, доволно е да го замените свежото цвеќе со суви растенија. Само ставете го цвеќето во вазна или каков било сад што веќе го имате дома, и поставете го на видно место во домот. Кога сте опкружени со суво цвеќе, не може а да не ја почувствувате есента и во домот.
Неколку фотки за инспирација:
Спирова С. | Црнобело