Малиот простор за складирање веќе не е проблем – Креативни решенија за сѐ што „боде очи” во просторот
Сите оние кои сакаат убаво уреден дом и „сѐ да си има свое место“, уживаат во совети за уредување кои воедно даваат дополнителен простор за складирање што изгледа убаво, а собира сѐ она што не е баш привлечно за око.
Без разлика дали живеете во мал стан или имате мала соба во вашиот дом или ако имате поголем дом, овие одлични идеи можат да ви помогнат да добиете малку поорганизиран и стилски личен простор.
Речиси секоја просторија и секој агол од домот имаат ситници кои не делуваат баш средено или едноставно го задушуваат просторот. Подолу ви претставуваме неколку идеи за едноставно и лесно складирање.
Искористете го помалку видливиот вертикален простор
Закачете прегради за организирање зад вратите во вашата спална, бања, шпајз и брзо и едноставно складирајте и распоредете ги сите ситници кои постојано ви се мотаат наоколу.
Искористете го просторот под креветот, гарнитурата или табуретките
Мебелот кој има простор за складирање е одличен сојузник на љубителите на организиран простор и дом. Лесно складирајте ја сезонската облека која не ја користите, дополнителни јоргани и ќебиња, постелнина, стари книги, сѐ она што не се користи секојдневно.
Искористете стари куфери за да ја складирате облеката и да направите vintage ноќна масичка
Неколку стари куфери можат да додадат убав стилски изглед во вашата спална соба, плус погодно складирање за работите што ви требаат, но не ги користите секој ден.
Вашето дополнително зимско ќебе, на пример, може да се смести во долниот куфер сè додека времето не стане повторно студено.
Нашиот омилен дел: Овој трик за складирање не бара склопување. Само наредете ги куферите еден врз друг и ноќната масичка е подготвена за користење.
Искористете го слободниот ѕид
Ви треба екстра простор за гардеробата и обувките? Комбинација од полици, закачалка и фиоки е идеален избор.
Вертикални организери за документи
Искористи ги организерите за документи за организирање на работите во бањата и кујната. Овие организери можат да послужат за складирање пешкири во форма на ролна, кои истовремено ќе бидат корисни и интересни на изглед. Истовремено овие организери можат да послужат и за складирање детергенти, крпи, омекнувачи и слично.
Искористете ги тесните простори меѓу елементите
Тесниот простор помеѓу вашиот фрижидер и ѕидот е најчестиот неискористен простор во домот, кој може веднаш паметно да се преуреди во место за складирање зачини, масла и конзервирана храна.
Екстра совет:
Искористете го максимумот од вашите фиоки со помош на организер. Лесно складирање и лесна достапност на сѐ што ви е ‘расфрлено’ по фиоките.
Доколку имате потреба од дополнителни средства за реализација на посакуваната реорганизација на домот, тука е потрошувачкиот кредит на Халкбанк. Можете да подигнете до 1,500,000 денари со максимален рок на отплата до 120 месеци, со само 5% каматна стапка за првите три години и 0% провизија за обработка на кредитот и предвремена ликвидација, а производот доаѓа во пакет со полиса за осигурување од Халк Осигурување.
Со Халкбанк како партнер можете едноставно и брзо да ги реализирате сите замисли и да создадете простор кој ќе ве прави среќни и да се чувствувате како сѐ да е ‘по ваша мерка’.