Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ефикасни трикови како да го организирате плакарот

Поставете си го прашањето: „Дали сум го носел/а ова парче во последните 6 месеци?“ и одлучете дали ви е потребно.

efikasni-trikovi-kako-da-go-organizirate-garderoberot-01.jpg

Велат дека вашиот дом е продолжение на вашата личност, па ако сакате да им оставите добар впечаток на луѓето тој треба да биде беспрекорно среден.

Но, од каде да почнете? Како да се организирате со толку многу облека која не ја собира во плакарите?

Како да го организирате плакарот:

Прво, направете неред

Извадете сè од плакарот во еден куп и видете што од тоа е за фрлање или донирање. Поставете си го прашањето: „Дали сум го носел/а ова парче во последните 6 месеци?“ и одлучете дали ви е потребно.

efikasni-trikovi-kako-da-go-organizirate-garderoberot-03.png

Селектирајте

Одберете ги парчињата кои ги носите најчесто и само нив закачете ги. Убаво е облеката во плакарот да ја распоредите според боја за полесно да пронаоѓате што ви е потребно.

efikasni-trikovi-kako-da-go-organizirate-garderoberot-02.png

Спакувајте во кутии

Во обична обложена кутија за чевли или специјална кутија за складирање, можете да ги складирате малите работи како чорапи и гаќички. Гледајте сета облека да ви е зад затворени врати.

efikasni-trikovi-kako-da-go-organizirate-garderoberot-05.jpg

Грижете се за облеката

Откако направивте организација на облеката, треба да запомните дека мора да се грижите за неа. Омилениот фустан или кошула не смеат да се туткаат фрлени на столицата до вашиот кревет, тие заслужуваат почесно место на закачалка.

efikasni-trikovi-kako-da-go-organizirate-garderoberot-04.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 трикови како есенски да го декорирате вашиот дом (нема да ви се излегува) Од свеќи во форма на тиква, послужавници од дрво, есенско цвеќе до пернички и ќе...
10 едноставни трикови кои ќе ви го претворат малиот дом во пространо и удобно место за живот Користете ги паметно огледалата, во спротивно може да го добиете спротивниот ефе...
8 трикови со кои ќе ја освежите кујната со ограничен буџет Купете кутии за складирање храна и темелно исчистете ги прекинувачите за светилк...
10 трикови како да направите домот да изгледа помодерно (и полуксузно) Расчистете го нередот од полиците, а старите шарени перничиња од баба, заменете ...
10 трикови како да го организирате хаосот во кујната, ако сте зависници од подредено „под конец“ Ако не сакате хаос, мразите кога сите работи се расфрлани во една фиока, немате ...
Трикови за уредување со кои ќе ѝ дадете луксузен изглед на малата бања Ставете плочки со апстрактен дезен наместо еднобојни ѕидови и заменете го огледа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg