Како да ја уредите спалната за да си обезбедите поквалитетен сон?
Цврстиот и долг сон е предуслов за добро општо здравје, а многупати ни изгледа невозможно да се наспиеме толку колку што ни е потребно. Доколу сонот не ви овозможува да се одморите и релаксирате, можеби е време да промените нешто во вашата спална.
Всушност, многу истражувања покажуваат дека најголемо влијание врз нашето расположение и добрата здравствена состојба има токму спалната. А со оглед на тоа дека спиеме една третина од денот, спалната соба е нешто што мора да ви дава мир.
Реновирање звучи скапо, па затоа ви откриваме неколку едноставни трикови како оваа просторија да ја направите совршено место за одмор.
Нека биде доволно затемнета
Природната светлина е незаменлива за преку ден, но навечер ви треба темна просторија. Потребни ви се добри ролетни, можеби и драпери кои не само што ќе ја затемнат спалната за подобро да спиете, туку ќе ја задржуваат топлината внатре преку зима, а надвор преку лето.
Нека биде доволно тивка
Бучавата може да ви го наруши сонот. Бидејќи навечер се обидувате комплетно да се исклучите, а и природно сè е тивко, и најмалиот шум може да го доживеете како гласен. Осигурајте се дека спалната е изолирана од каков било извор на звук и овозможете си долг и квалитетен сон.
Нека биде неутрална
Верувале или не, боите во спалната се многу важни. Користете бои кои имаат смирувачки ефект, како на пример нијанси на сина. Доколку не сте во можност да ги обоите ѕидовите сини, тогаш набавете сино светло и веднаш ќе ја забележите разликата.
Нека биде свежа
Температурата исто така може да влијае на квалитетниот сон. Иделната температура за спиење е од 15˚С до 19˚С.
Нека мириса на лаванда
Ароматерапијата е многу делотворна за вашето тело. Постојат спрејови за простории и есенцијални масла кои се безбедни за користење во просторијата каде спиете, а особено полезно е маслото од лаванда.
Нека биде чиста
Дури и да не сте минималист по природа, за да ги зголемите шансите за квалитетен сон, мора да спиете во чиста и пријатна просторија. Избегнувајте да собирате предмети во спалната и да чувате растурена облека бидејќи тоа само ќе придонесе да се вртите и превртувате во креветот.
А. Ш. | Црнобело