6 работи во домот кои не припаѓаат таму каде што ги чувате

Фенг Шуи практиката проповеда едно единствено правило: кога домот е уреден, животот е полесен.

6 raboti vo domot koi ne pripagjaat tamu kade shto gi chuvate 01

Во оваа како и во многу древни источни традиции, енергијата е во основа на нештата. Оттука, блокираната, заглавена енергија придонесува за лошо расположение и болести, додека отворената енергија што тече е неопходна за здравје и правилно функционирање.

Отпадот во домот како и предметите кои немаат никаква функција во домот претставуваат голем енергетски блок, но постојат и други работи што веројатно ги имате, а не сте свесни дека се пречка во секојдневното живеење.

На самиот влез: Огледала

Огледалото на влезот од домот ќе ја одврати целата добра енергија од влез во вашиот простор. Друга просторија каде огледалото дефинитивно не припаѓа е спалната соба.

Огледалата го зголемуваат енергетскиот проток, а зголемената енергија го нарушува спиењето. Затоа, пробајте брзо решение: Покријте го огледалото во спалната соба неколку ноќи и забележете дали вашиот сон ќе се подобри.

Доколку спиете добро и покрај огледалото, добра опција е да размислите да го замените со нешто што ви се допаѓа - голем постер или убава ѕидна лампа.

Во спалната соба: Телевизор и предмети под креветот

Многу кревети денес се прават со склад под душекот и тоа обично е идеално место да ги скриете сите непотребни предмети. Но, на тој начин си го нарушувате сонот, исто како и со вклучениот телевизор во оваа просторија.

Многу е јасна намената на спалната собра - таа првенствено треба да биде соба за одмор. Технологијата оставете ја на другата страна од вратата, и телефонот заменете го со стариот добар будилник на батерии.

Во кујната: Црвена боја

Постојат пет елементи во фенг шуи (дрво, оган, земја, метал и вода) и нивното балансирање во вашиот простор може да помогне да се почувствувате поздраво.

Кујната е место каде има многу оган, па најдобро е во неа да се избегнува црвената боја. Шпоретот е доволно огнена енергија - кога ја има премногу може да ги иритира луѓето и негативно да влијае на вашето здравје.

Во секоја соба: Ниско поставени уметнички дела и скршени предмети

Во прилог на расчистување на нередот во вашиот дом, треба да знаете дека уметничките дела во било која соба предизвикуваат чувство на радост. Покрај тоа што треба да внимавате да поттикнуваат позитивни емоции, треба и да внимавате да се правилно закачени на ѕидот.

Ако имате проблеми со депресија и ниска енергија, забележете дали имате ниско поставени слики, фотографии или огледала на ѕидовите. Дури и пренискиот кревет може да го наруши вашето добро расположение.

На крајот, проверете дали низ домот имате нешто скршено и истото поправете го или отстранете го. Секојдневното гледање на оштетен предмет може да предизвика негативни емоции и да се чувствувате како да ви треба поправка. Ова важи и за мртвите растенија - се што не може да се врати во живот, време е да заврши во кантата за отпадоци.

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
7 предмети кои ќе му дадат доза на луксуз и на наједноставно уредениот дом Апстрактна слика во 2 или 3 дела за луксузен изглед на домот, необичен раскошен ...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
15 сингл мажи покажаа како си го уредиле домот: Од празни ѕидови до совршен ентериер (фото) 15 мажи кои живеат сами, сами го уредиле и просторот во кој живеат. А нивните до...
18 идеи од Пинтерест за стилско уредување мала бања (фото) Ако имате мала бања, не очајувајте - постои начин да ставите сè на едно место, а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg