6 причини зошто луѓето се чувствуваат лошо во својот дом

Иако домот се смета за место каде што собирате позитивна енергија, каде се одмарате и ги полните батериите, понекогаш не се чувствувате топло, удобно и весело во вашиот дом. Зошто е тоа така? Дизајнерите и фенг шуи мајсторите сметаат дека постојат шест причини зошто не се чувствувате добро во вашиот дом.

Ova se sest pricini zosto lugeto se cuvstvuvaat loso vo svojot dom 01

1. Во вашиот дом нема растенија и цвеќиња

Дом без најмалку едно растение не е дом, ќе ви кажат експертите за внатрешен дизајн. Зелените лисја и свежото цвеќе носат светлина, освежување и повеќе воздух во домот. Исто така ја ревитализираат собата. Според некои истражувања присуството на растенијата во домот го намалуваат стресот.  Најдобар избор се орхидеи и бамбус. Избегнувајте кактуси и растенија со остри лисја.

Ova se sest pricini zosto lugeto se cuvstvuvaat loso vo svojot dom 02

2. Единственото осветлување се наоѓа на плафонот

Ако во вашата дневна соба или кујна постојат само лустери, тогаш имате сериозен проблем. Халогените светла се модерни, но не даваат доволен извор на светлина. Опремите го вашиот дом со дополнителни лампи. Покрај тоа, потопло осветлена соба ќе придонесе за подобро расположение во куќата.

Ova se sest pricini zosto lugeto se cuvstvuvaat loso vo svojot dom 03

3. Немате чист влез во вашиот дом

Фенг шуи мајсторите  советуваат влезот во домот секогаш да ви биде уреден и чист, ако сакате да имате позитивна енергија во вашиот дом.

Пред влезната врата не треба да оставате кеси или корпи за отпадоци, а во ходникот не треба да имате премногу работи, особено чевли.

4. Фокусната точка е телевизорот

Идеалната фокусна точка во дневната соба би требало да биде каминот, а не телевизорот. Телевизорот треба да биде поставен на некоја помалку значајна точка во собата. Во спалните соби не треба да имате телевизор.

Ova se sest pricini zosto lugeto se cuvstvuvaat loso vo svojot dom 05

5. Трпезаријата ви е во сина боја

Ако мислите дека боите немаат никаква поврзаност со апетитот, грешите. Некои истражувачи открија дека бојата на нашето јадење, како и трпезаријата, влијаат на нашиот апетит.

Сината боја го "убива" апетитот, но затоа е одличен сојузник ако сакате да изгубите на тежина. Покрај тоа, сината боја е добар избор за спалната соба, бидејќи помага полесно да заспиете.

6. Безличност - немате шарени детали

При изборот на перници или тапети мешајте ги боите и дадете му на вашиот дом идентитет. Домови кои се обоени во само една боја, без шарени и интересни детали, наликуваат на болници и стерилни простори во кои нема место за позитивна енергија.

Ova se sest pricini zosto lugeto se cuvstvuvaat loso vo svojot dom 04

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
7 предмети кои ќе му дадат доза на луксуз и на наједноставно уредениот дом Апстрактна слика во 2 или 3 дела за луксузен изглед на домот, необичен раскошен ...
15 сингл мажи покажаа како си го уредиле домот: Од празни ѕидови до совршен ентериер (фото) 15 мажи кои живеат сами, сами го уредиле и просторот во кој живеат. А нивните до...
Кујна во која доминира црна боја - како да изгледа раскошно и да не го затвори просторот? Ако сакате црна кујна, треба да обрнете внимание на некои детали, како светлото,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg