Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


5 едноставни начини на кои вашиот дом ќе изгледа луксузно

Сакате ли вашиот дом да изгледа како оние фотографии кои ги гледате во списанијата за уредување на домот, но вашиот буџет не се согласува со вашите дизајнерски аспирации? 

5 ednostavni nacini na koi vasiot dom ke izgleda luksuzno 01

Понекогаш не е потребно да трошите големи суми на пари за да го направите домот да изгледа луксузно, туку да одвоите време и да ги организирате работите.

Исто така, треба да се одлучувате за мали, евтини промени кои ќе имаат големо влијание.

Ова се неколку трикови кои можете да ги користите за вашиот дом да изгледа луксузно:

Елиминирање на нередот

Доколку имате многу расфрлани нешта, куп книги и други работи кои треба да се фрлат или складираат правилно, домот ќе изгледа хаотично. Не треба да ги исфрлите сите работи, туку да се ослободите од работи кои не се совпаѓаат со вашиот личен стил. Ова е првиот чекор што ќе ви помогне вашиот дом да изгледа извонредно.

Можеби ја сакате вазната што сте ја наследиле, но истата не се вклопува целосно со остатокот од собата. Пробајте да ја преместите во друга соба заедно со другите украсни детали што сте ги наследиле.

Елиминирање на нечистотијата

Сигурно немате време да ја чистите куќата еднаш неделно, но темелното чистење треба да го практикувате двапати или четири пати годишно. Посебно внимание треба да им посветувате на местата на кои се акумулира нечистотијата, на пример: плочките во бањата.

Додадете светлина или направeте реорганизација

Дизајнерите го користат осветлувањето за да го дефинираат просторот и да ги одделат просториите. На овој начин малите простори делуваат поголемо. Размислете за дневната соба - каде би можеле да имате агол за читање, каде што би можеле да поставите фотелји и кое место е најдобро за телевизорот?

5 ednostavni nacini na koi vasiot dom ke izgleda luksuzno 04

Визуелно направете ја разликата во просторот со користење на различни типови на осветлување. Исто така, дизајнерите препорачуваат да се користат страничните ламби, бидејќи не се нападни и просторот визуелно делува по-луксузно.

Варосување

Не постои поедноставен начин да го освежите просторот и не треба да користите само бела боја. Одлична идеја е поставување на тапети на едниот ѕид. Но не е доволно да се освежат само ѕидовите. Истото треба да го направите со вратите и прозорците.

5 ednostavni nacini na koi vasiot dom ke izgleda luksuzno 02

Обрнете внимание на деталите

Сакате да го промените изгледот на вашиот дом, но не сте сигурни како? Деталите се многу  "моќна" алатка. Вазните, рамките и другите декоративни детали можат навидум обичната соба да ја претворат во спектакуларна.

Вазните можете да ги групирате на некоја маса, ма видливо место ставајте ги убавите шишиња со алкохол или домашен чај и сл. Постојат многу начини на кои декоративните детали можат да ви помогнат да креирате илузијата на луксузен дом. Па, зошто да не ги искористите?

5 ednostavni nacini na koi vasiot dom ke izgleda luksuzno 03

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

16 работи кои се нормални во нашите домови, а се чудни за странците Речиси во секој дом има кристален сет чаши кои никој не ги користи, немаме утили...
Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
Во домот на Тео: „Работната маса во дневната беше промашување, проекторот во спалната соба е полн по... „Спалната соба доби големо редизајнирање. Работното биро сега е фиксирано и заме...
9 трикови како есенски да го декорирате вашиот дом (нема да ви се излегува) Од свеќи во форма на тиква, послужавници од дрво, есенско цвеќе до пернички и ќе...
11 трикови со кои со малку пари ќе му дадете доза на стил и елеганција на домот Завеси од кадифе, книги со кои ќе му дадете лична нота на просторот - како со ма...
7 предмети кои ќе му дадат доза на луксуз и на наједноставно уредениот дом Апстрактна слика во 2 или 3 дела за луксузен изглед на домот, необичен раскошен ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg