Грешки при уредувањето кујна заради кои е нефункционална и тешка за одржување
Иако многумина гледаат да ја уредат кујната колку за да завршат порано и да имаат каде да готват, има и такви за кои и тој дел од домот е важен при уредувањето.
Кујната е катче каде исто така се поминува голем дел, а треба да биде удобна и функционална, што е најважно.
Но, поради недоволното обрнување внимание на оваа просторија, често се прават грешки заради кои потоа кујната е тешка за одржување, или пак има простор кој не е за ништо искористен, а другите делови се трупаат.
Со цел да не ви биде кујната нефункционална, избегнувајте ги најчестите грешки:
Уреди поставени на несоодветна висина
Ако уредите кои секојдневно ги користите, како на пример микробранова, ги поставите превисоко или прениско, само затоа што така најдобро одговарало, нема да постигнете ништо и нема да има никаква функционалност.
Однапред бирајте каде ќе стојат најважните уреди, а потоа сите останати елементи, за да не мора да се наведнувате при секое отворање на рерната и слично.
Тешки елементи на лесни ѕидови
Пред да одлучите да закачите некои висечки елементи, прво проверете ја стабилноста и безбедноста на ѕидот.
Лавабо со неправилна форма и големина
Важно е да обрнете внимание при изборот на лавабо, бидејќи ако сте навикнати на округло, а купите коцкасто, тоа може да ви пречи и да не ви е функционално.
Исто така, треба да гледате да биде просторно, да издржува високи температури и да обрнете внимание на длабочината, која според експертите за идеална важи 160-220 mm.
Неупотребливи агли
Во секоја кујна има ќоше кое е целосно нефункционално и неупотребливо, но важно е да се искористи секој сантиметар и да се мисли однапред на празните простори во аглите на шкафчињата или просторијата.
Недоволно светлина
Осветлувањето во кујната е исто така многу важно, за да изгледа поголема, но и да биде функционална.
Па така, наместо да ставате сијалички горе, чија светлина ќе ја покриваат големите елементи, ставете ЛЕД сијалички под елементите кои ќе ја осветлуваат дополнително работната маса.
М. М. | Црнобело