Бојата која ви е потребна во вашиот дом за полесна релаксација
Секогаш кога уредувате и реновирате дома, потребно е паметно да си играте со боите, за престојот да ви биде што попријатен.
Зелената боја, како што веќе знаеме, релаксира и го намалува стресот што го собирате во текот на напорните денови.
Доколку во внатрешното уредување ја вклучите зелената боја, во своите најживописни нијанси, вие на некој начин префрлате дел од природата. А, веќе сите знаеме дека токму зелената боја и престојот во природа ги релаксираат и телото и душата.
Во својот дом можете да обоите еден од ѕидовите во зелена боја, да додадете зелени покривки или перничиња, да одгледувате собни растенија во собите, па дури и да залепите тапети со мотиви од природата.
Дури и една фотографија или уметничка слика со зелена боја може значајно да го промени целиот впечаток, а вие да бидете поодморени и порелаксирани.
Поради тоа и голем број компании избираат зелената боја да им биде основа за внатрешното уредување на канцелариите.
Е. Д. | Црнобело