Како малата соба да ви изгледа поголема - 5 трикови за уредување

Играјте со светлината, користете т.н. „бестежински“ мебел и декорирајте со детали во впечатлива боја.

kako-malata-soba-da-vi-izgleda-pogolema-5-trikovi-za-ureduvanje-01.jpg

Ако имате малку простор на располагање со малку креативност и труд можете да направите собите во вашиот дом да изгледаат поголемо

Трикови како да направите малата соба да изгледа поголема:

База во пастелна боја и детали во впечатлива

Малата соба уредете ја во минималистички скандинавски стил за да оставите впечаток на отворен простор. Но, нема потреба сите ѕидови да бидат во бела боја.

Еден ѕид или килимот нека бидат во пастелна нијанса, а декорирајте со полици, фиоки или перничиња во впечатлива боја.

kako-malata-soba-da-vi-izgleda-pogolema-5-trikovi-za-ureduvanje-07.jpg

„Бестежински“ мебел

Во мала соба не смеете да ставате масивен мебел. Најдобро е тој да биде на ногарки за просторот да дише.

Користете мебел од акрил и стакло, како на пример маси и полици. Дизајните нека бидат едноставни, а парчињата мебел ставени до ѕидовите.

kako-malata-soba-da-vi-izgleda-pogolema-5-trikovi-za-ureduvanje-02.jpg

Играње со светлината

Со вистинскиот начин на осветлување можете да сокриете одредени недостатоци во вашиот дом.

„Подигнете“ го таванот со помош на светилки насочени кон него. За да ја проширите визуелно собата наместо еден лустер на централна позиција, ставете повеќе ѕидни ламби кои ќе рефлектираат на различни површини.

kako-malata-soba-da-vi-izgleda-pogolema-5-trikovi-za-ureduvanje-03.jpg

Соодветна декорација

Празните полици не изгледаат убаво, но наместо десетици мали украси изберете 1-2 со средна големина и ставете ги централно.

Ако сакате да ставите некоја голема ваза најдобро е да ја ставите во најоддалечениот агол од вратата. И сликите на ѕидовите нека бидат со среда големина.

kako-malata-soba-da-vi-izgleda-pogolema-5-trikovi-za-ureduvanje-04.jpg

Правила на ергономија

Важно е да спроведете тест на ергономија така што ќе ги затворите очите и ќе се движите низ станот по вообичаената рута.

При процесот запомнете што сè ви пречело на патот и потоа при уредувањето преместете го мебелот за просторот да дише.

kako-malata-soba-da-vi-izgleda-pogolema-5-trikovi-za-ureduvanje-05.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
Кујна во која доминира црна боја - како да изгледа раскошно и да не го затвори просторот? Ако сакате црна кујна, треба да обрнете внимание на некои детали, како светлото,...
15 сингл мажи покажаа како си го уредиле домот: Од празни ѕидови до совршен ентериер (фото) 15 мажи кои живеат сами, сами го уредиле и просторот во кој живеат. А нивните до...
Како да му го подобрите изгледот на стариот (и евтин) мебел, без да потрошите многу пари? Скријте ја старата гарнитура со убави прекривки и декоративни перници, а стаклен...
Парче мебел што го има насекаде: Заоблени фотелји и табуретки како крзно на бело мече Фотелји со табуретки за во дневна соба, но и детски фотелји и столчиња за во ход...
Едноставни декорации во духот на есента (ако едвај чекате да почне) Тиквите и сувите цветови се сосема доволно за да го украсите домот во духот на е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg