5 кристали кои енергетски го чистат домот + како да се заштитите кога ќе се скрши огледало?
Привлечете ги среќата, рамнотежата и позитивната енергија во животниот простор, поставувајќи неколку амајлии на точно одредени локации.
Неодамна пишувавме кога и зошто ви е неопходно енергетско чистење на домот. Ваквиот ритуал го oслободува животниот простор од застоената негативна енергија, отворајќи ви можности за промени и нови почетоци.
Исцелувањето со кристали, пак, мошне е едноставно, а ќе има благопријатно дејство на сите сегменти од вашиот живот. Важно е само да водите сметка околу тоа кој кристал вам најповеќе ви одговара, како и редовно да ги чистите и енергизирате. Може под млаз вода, но и со чад - најдобро после кадење.
Ова се петте кристали кои е пожелно да ги имате, поставени на различни позиции во домот:
Жад на влезот
Доколку сакате да привлечете среќа и богатство во домот, поставете камче жад покрај влезнатата врата, или, пак, на предниот прозорец. До него отставете и паричка или две, како би го максимизирале дејството на кристалот.
Аметист во спалната соба
Поставете го под креветот, на ноќното орманче, или, пак, под перницата. Аметистот го поддржува мирниот сон, рамнотежата и енергијата, па дури спиете ќе ја зајакне и вашата духовност.
Розов кварц во кујната
Розовиот кварц носи здравје, енергија на учење и трпение, а со негова помош ќе станете и вистински мајстор во кујната.
Цитрин во работната соба
Ако сте во потрага по нешто кое ќе ви ја подобри концентрацијата и менталната издржливост, чувајте го цитринот во домашната канцеларија или на работното место. Тој е познат и како камен на успехот.
Килибар во дневната соба
Дневниот престој е простор кој треба да биде обвиен со опуштена енергија. За таа цел, поставете го килибарот близу гарнитурата за седење. Тој воведува позитивност и романтичен призвук во амбиентот.
Како да се заштитите кога ќе се скрши огледало?
Постои мислење дека скршеното огледало носи несреќа. Но, тоа може да се промени.
Оние што веруваат дека дел од душата на човекот кој се огледал останува во огледалото, потребно е да го искршат на што поситни парчиња. Според верувањата, така ќе се ослободи делот од душата што бил заробен.
Вториот начин, пак, е закопување на деловите од огледалото под дрво, на ноќ со полна месечина. Притоа, внимавајте да не се повредите додека ги собирате парчињата.
Соберете ги во цврста кутија, бидејќи може да пробијат низ кесата и повторно – да повредат некого. Задолжително затворете ја кутијата. Во ноќта со полна месечина, ископајте дупка, поставете ја внатре и затрупајте со земја, па добро нагазете одозгора.
М. А. | Црнобело