Кој кристал ви одговара според здравјето и хороскопот?
Љубителите на полускапоцените камења, кристалите и минералите тврдат дека секое камче носи одредено позитивно дејство во себе и дека често може да го најдете соодветното за вас според хороскопскиот знак.
Оние кои посериозно ја проучуваат кристалотерапијата пак, сметаат дека вистинскиот кристал за вас е оној со кој ќе го почувствувате инстинктивно како свој.
Така, освен за позитивни дејства, овие камења совршено може да се вклопат и во накит и други модни додатоци.
Погледнете кои се најпопуларните полудраги камења, кристали и минерали:
Тиркиз - според древните верувања, овој камен позитивно влијае при справување со стравови, зависност, кожни болести, тешкотии со дишењето, а се верува дека го зголемува и либидото.
Најчесто, тиркизот се поврзува со хороскопските знаци Бик, Стрелец, Водолија и Риби.
Хематит - помага во одржување на здравјето на кардиоваскуларниот систем, како и на одржувањето на притисокот и нивото на шеќер во крвта.
Со овој кристал се поврзуваат хороскопските знаци Овен, Вага, Скорпија и Јарец.
Горски кристал - овој чест, но и преубав кварцен кристал го стабилизира крвниот притисок, штити од зрачења, но и позитивно влијае на креативноста и инспирацијата.
Совршено им одговара на припадниците на знаците Овен, Рак, Лав и Јарец.
Цитрин - овој камен со жолта боја го подобрува менталното здравје, либидото и енергијата.
Им одговара на припадниците на хороскопските знаци Близнаци, Девица, Вага и Водолија.
Аметист - еден од најпопуларните кварцни кристали со прекрасна виолетова боја. Се верува дека носи среќа кај љубителите на игри на среќа, а и дека го чува репродуктивното здравје на жените.
Според хороскопот, овој камен одговара на Скорпија, Стрелец, Водолија и Риби.
Розов кварц - ја поттикнува самодовербата и го стабилизира емоционалниот стрес, а истовремено и ја подобрува циркулацијата. Се смета дека е наменет за луѓе кои се често под стрес.
Им одговара на Бик, Рак, Девица и Јарец.
Тигровото око - овој камен често бил користен во ритуалните церемонии против црни магии, а се верува дека позитивно делува при лечење на астма, бронхитис и мигрена.
Им одговара на Близнак, Рак и Стрелец.
Важно: Доколку имате хроничен здравствен проблем, секогаш слушајте ги упатствата на лекарите кои ве водат. Кристалите не можат да заменат лекарска терапија, туку само да ја дополнат.
Препродавачите на кристали и полускапоцени камења најдобро можат да ви објаснат за влијанијата на секој камен посебно.
С. У. | Црнобело