8 тајни за среќен, удобен дом од дизајнерка за IKEA
Сите ја обожаваме едноставноста, убавината и комфорот на скандинавските ентериери, а благодарение на дизајните не IKEA, тие ни се многу подостапни.
Пела Хедеби е дизајнерката која открива 8 главни тајни како секој дом да зрачи со среќа и удобност.
Читајте и применувајте:
1. Целете кон минимализам
Пред да почнете со уредување на една соба, одберете го само она што ви е неопходно. Колку помалку работи, толку повеќе простор. Бирајте мултифункционални парчиња мебел.
Важно е да креирате хармонија на работите и предметите во просторот.
2. Природното светло игра голема улога
Извлечете го максимумот од природното осветлување. Ниту една ламба не може да ги замени светлите ѕидови и големите прозорци.
3. Секое ќоше е важно
За секоја просторија во домот да биде стилска и удобна, добро треба да го смислите распоредот за складирање на работите.
4. Играјте си со текстурите
Релаксираната атмосфера на скандинавскиот минимализам произлегува токму од селекцијата на материјали и текстури. Не се ограничувајте само на еден тип. Мешајте дрво и камен со метал, стакло и керамика.
5. Не мора да користите само светли тонови
Не се плашете да искористите потемно дрво или темен тапацир за троседот. Сиво-сините тонови, како и зелено-сивите и кафеави нијанси се одлични за да додадете контраст.
6. Тајната е во деталите врз обичните парчиња мебел
Скандинавските дизајни се секогаш едноставни и со чисти линии, што може да делуваат здодевно на прв поглед. Затоа монотонијата мора да ја разбиете со додатоци како топли ќебиња на столчињата и декорации на полиците.
7. Декорациите мора да бидат функционални
Не трупајте што и да ви дојде при рака. Декорациите во просторот мора да имаат функција.
8. Боењето и пополнувањето на ѕидовите може да направи чудо
Најдобар ефект за промена и освежување на просторот се постигнува со боење и пополнување на ѕидовите. Не ги оставајте „клот.“
М. Д. | Црнобело