За возбудлив љубовен живот: Фенг шуи совети за уредување на спалната соба
Древната кинеска пракса за уредување на домот Фенг шуи, има интересни правила кои многумина тврдат дека навистина делуваат.
Според овој начин на уредување, нашиот дом ја рефлектира состојбата во нашиот живот. Ако сакате повозбудлив љубовен живот со партнерот, време е да промените некои работи во спалната соба.
Следете ги овие совети за уредување на спалната соба од експертите за Фен шуи и љубовта секогаш ќе цвета:
Ставете нешто инспиративно спроти креветот
Во просторот наспроти креветот има голема енергија. Тоа е првото нешто што го гледаме кога се будиме. Поставете фотографија од некое заедничко патување, уметничка слика или натпис со инспиративна содржина слика спроти креветот за поголема хармонија.
Ставете две ноќни масички
Многу е важно да имате простор од двете страни на креветот. Тоа создава отворен пат за енергијата да може слободно да струи и го дефинира просторот наменет за двајца.
Обновете ги ѕидовите
Убаво би било одвреме-навреме да ги бојадисате ѕидовите во некоја нова боја за да се смени старата, застоена енергија во спалната соба.
Можете да ставите и тапет со убав дезен кој ќе го освежи просторот.
Не чувајте работи под креветот
Ако имате простор под креветот во кој ги трупате работите, фрлете ги тие што не ви требаат, а останатите преместете ги на друго место.
Протокот на енергијата мора слободно да струи, а насобраните работи под креветот прават блокада на овој процес.
Тргнете ги сите непотребни работи или подароци
Во спалната соба треба да има само работи кои ве полнат со позитивна енергија и ви се неопходни.
Сето она што не ви треба или е подарок од некој кој не ви е близок, фрлете го или преместете го во посебен шкаф во друга просторија.
Поправете го или фрлете го оштетениот мебел
Според Фенг шуи, во домот не треба да се чуваат скршени или пукнати работи.
Ако ногарките на креветот се лизгаат, или мебелот во спалната соба е некаде оштетен, поправете ги тие делови и повторно ќе се воспостави хармонија.
Не заборавајте на билките
Билките се задолжителен детаљ во спалната бидејќи го прочистуваат воздухот и ја штитат собата од негативна енергија.
Па затоа, за подобрување на сексуалниот живот, ставете некоја билка во просторот која ќе донесе позитивна промена.
М. В. | Црнобело