10 кул идеи за домот што ќе сакате да ги испробате веднаш
Сите сакаме домот да ни изгледа убаво и пријатно. Секојдневно купуваме нови работи и смислуваме идеи како да го разубавиме и да го направиме поудобен.
Овие кул идеи ќе внесат поинаква свежина и со еден збор среќа под покривот. Шарени вазни за цвеќиња, полици од палети или чаши со мали магнетчиња кои слободно може да ги „залепите“ на фрижидерот, па вашите малечки без проблем да се послужат.
Можеби ви треба некоја нова идеја за складирање на тоалетната хартија? Лесно може да ја направите од стара кутија обложена со тенко јаже кое ќе го залепите со помош на супер-лепак или силикон.
Погледнете ги идеите за разубавување на домот кои вреди да ги испробате уште денеска:
Чаши со мали магнетчиња
Шарени вазни од стари шишиња
Тајно место за клучот скриен во кутија со залепен камен
Стари перници кои образуваат мобилен душек
Полици од стари палети
Шишиња – свеќници
Календар од стари детски коцки
Масичка од палети
Кутија за складирање за во тоалетот
Џепчиња од стари фармерки за чување ситници
(О)Милена | Црнобело