Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


11 класични парчиња мебел кои никогаш не излегуваат од мода

Трендовите доаѓаат и си заминуваат, но постојат одредени парчиња кои секогаш ќе бидат шик и во мода, без оглед на декадата и времето кое поминува.

11-klasicni-parcinja-mebel-koi-nikogas-ne-izleguvaat-od-moda-01_copy.jpg

Овие 11 безвременски парчиња совршено се вклопуваат скоро во секоја шема на внатрешно уредување. Купувањето на едно од нив значи дека ќе го имате за цел живот и колку и да ви се менува вкусот, тие се тука да останат засекогаш.

Погледнете ги 11-те класични парчиња и создадете пријатен, удобен и безвременски дом.

Дали веќе имате некое дома? Доколку одговор е не, време е да ја поправите грешката:

Када со ногарки

Оваа када се популаризирала кон крајот на 19-тиот век и претставува луксузно парче кое нуди мал рај за релаксација и опуштање. Наместо вградлива, одберете када со ногарки бидејќи изгледа стилски и рафинирано, а и чистењето е многу полесно.

11-klasicni-parcinja-mebel-koi-nikogas-ne-izleguvaat-od-moda-02.jpg

11-klasicni-parcinja-mebel-koi-nikogas-ne-izleguvaat-od-moda-03.jpg

„Честерфилд“ софа

Класично парче мебел кое потсетува на старински библиотеки или собите за состаноци во Англија во минатото. Оваа пространа и удобна софа има уникатна ромбоидна текстура и никогаш нема да излезе од мода, без оглед дали е изработена од класичен текстилен материјал или кожа.

11-klasicni-parcinja-mebel-koi-nikogas-ne-izleguvaat-od-moda-04.jpg

11-klasicni-parcinja-mebel-koi-nikogas-ne-izleguvaat-od-moda-05.jpg

Столче во стилот на кралот Луј XV

Безвременско француско парче мебел со квадратна облегалка, најчесто изработена со истиот материјал, односно дезен како и делот на кој седиме. Овие столчиња одговараат на повеќе типови трпезариски маси, но пред сé друго се неверојатно удобни.

11-klasicni-parcinja-mebel-koi-nikogas-ne-izleguvaat-od-moda-06.jpg

11-klasicni-parcinja-mebel-koi-nikogas-ne-izleguvaat-od-moda-07.jpg

„Барселона каучот“ на Лудвиг Мис ван дер Рое

Дизајниран во 1930-тата година од страна на германско-американскиот архитект, каучот „Барселона“ нуди елегантна и модерна едноставност на просторот. Фотелјата со истоимениот назив е исто така прекрасно парче мебел, но овој кауч на кој може да се испружиме во комбинација со кружното долгнавесто перниче одлични се вклопува како во модерен, така и во потрадиционален ентериер.

11-klasicni-parcinja-mebel-koi-nikogas-ne-izleguvaat-od-moda-08.jpg

11-klasicni-parcinja-mebel-koi-nikogas-ne-izleguvaat-od-moda-09.jpg

Огледалото на Луј Филип

Оваа огледална форма отскокнува од класичните, во долниот дел е со остри агли, додека горниот е со благо заоблени. Името го добило по ранцускиот крал кој владеел во средината на 19-тиот век, а денеска огледалата се достапни во различни облици и со различен финиш – мат, сјаен, метален или каков и да посакате.

Одлично се вклопуваат во дневниот престој над каминот, но и во спалната соба или пак купатилото.

11-klasicni-parcinja-mebel-koi-nikogas-ne-izleguvaat-od-moda-10.jpg

11-klasicni-parcinja-mebel-koi-nikogas-ne-izleguvaat-od-moda-11.jpg

Лампа со фокусирано осветлување

Ова е веројатно најкласичната форма на лампа која се среќава на бироата за работа во помала форма или покрај креветот во поголема верзија, и е совршена за работа и читање поради снопот светлина кој може да се насочи онаму каде што е потребен.

11-klasicni-parcinja-mebel-koi-nikogas-ne-izleguvaat-od-moda-12.jpg

11-klasicni-parcinja-mebel-koi-nikogas-ne-izleguvaat-od-moda-13.jpg

Мијалник на пиедестална основа

Белиот порцелански мијалник или лавабо кое слично како кадата со ногарки не е вградено, туку е поставено на основа има одреден винтиџ шарм кој го оплеменува просторот. Основата на која е поставен обично делува како извајано и го прави безвременско парче санитарија.

11-klasicni-parcinja-mebel-koi-nikogas-ne-izleguvaat-od-moda-14.jpg

11-klasicni-parcinja-mebel-koi-nikogas-ne-izleguvaat-od-moda-15.jpg

Постелнина како во хотелите

Бели постелнини со совршени рабови, толку блескави и „крцкави“ што веднаш посакувате да си прилегнете, надополнети со сошиени обележани рабови во контрастна боја.

11-klasicni-parcinja-mebel-koi-nikogas-ne-izleguvaat-od-moda-16.jpg

11-klasicni-parcinja-mebel-koi-nikogas-ne-izleguvaat-od-moda-17.jpg

Кружната маса на Еро Саринен

Дизајнирана од страна на финско-американскиот архитект Еро Саринен во доцните ’50-ти години на минатиот век, денес оваа висока кружна маса се репродуцира во многубројни облици, големини и материјали. Но, основата останува иста, слободен простор на површината, без досадните ногарки кои се плеткаат околу нозете.

11-klasicni-parcinja-mebel-koi-nikogas-ne-izleguvaat-od-moda-18.jpg

11-klasicni-parcinja-mebel-koi-nikogas-ne-izleguvaat-od-moda-19.jpg

Обложена даска на креветот

Одличен додаток на секој кревет за спиење со текстура која потсетува на „Честерфилд“ софата за седење. Изборот на бои и материјали од кои може да биде изработена задната даска на креветот позади перниците е речиси бесконечен.

11-klasicni-parcinja-mebel-koi-nikogas-ne-izleguvaat-od-moda-19_2_copy.jpg

11-klasicni-parcinja-mebel-koi-nikogas-ne-izleguvaat-od-moda-20.jpg

Кристален лустер

За доза гламур и елеганција во домот едноставно мора да имате барем еден кристален лустер, а за постигнување неочекуван и интересен стилски ентериер може да го ставите во спалната соба.

11-klasicni-parcinja-mebel-koi-nikogas-ne-izleguvaat-od-moda-21.jpg

11-klasicni-parcinja-mebel-koi-nikogas-ne-izleguvaat-od-moda-22.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Парче мебел што го има насекаде: Заоблени фотелји и табуретки како крзно на бело мече Фотелји со табуретки за во дневна соба, но и детски фотелји и столчиња за во ход...
5 најчести грешки во уредувањето на домот, според дизајнери на ентериер Прво ја избирате бојата на ѕидовите и го трупате просторот со многу украси и дез...
11 трикови со кои со малку пари ќе му дадете доза на стил и елеганција на домот Завеси од кадифе, книги со кои ќе му дадете лична нота на просторот - како со ма...
Ситници во домот кои откриваат дека не е реновиран со години (како да сме кај баба и дедо на гости) Дали мебелот ви е во еден стил и боја, завесите ви се кратки до висина на прозор...
Спој на луксуз и свежина – Идеи како да ја уредите бањата со зелени плочки (фото) Зелената боја смирува, а лесно се вклопува во бањата бидејќи изгледа одлично со ...
6 трендови за уредување што ќе доминираат во 2025-та, според дизајнери на ентериер Детали во црвена како цреша, но и риги на завесите, тепихот, перничињата… Кои тр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg