Како да ја украсите масата за празничните собири и ручеци?
Новогодишната магија е она кое ја прави посебна новата година кон која зачекоруваме и старата која ја оставаме зад себе.
Тоа е време кога целото семејство се собира во домот и кога се подготвуваат некои од најубавите јадења.
Следните идеи може да ви послужат како инспирација за тоа како да ја уредите новогодишната трпеза, за таа да блесне во сиот сјај кој го заслужува:
1. Елка од салфети
Елката од салфети е навистина едноставен, но истовремено и интересен декор за чиниите.
2. Зелени растенија и светилки
Малите зелени растенија, распоредени во минималистички саксии, ќе создадат една романтична атмосфера која во комбинација со светилките, ќе направи вашите гости да се чувствуваат посебно.
3. Послужување во чинии со форма на снешко
Од чиниите и приборот за јадење може да се направи креативен снешко, кој навистина ќе ја развесели новогодишната трпеза.
4. Зимзелени гранки
Гранките од кое и да било зимзелено дрво, поставени во центарот на масата, ќе внесат освежување и ќе придонесат за пријатен мирис и изглед.
5. Јаболко во форма на свеќник
Издлабете го горниот дел од јаболкото онолку колку што е потребно за да вметнете мала свеќа и ќе добиете необичен и оригинален украс.
6. Снегулки од хартија и свеќи
Снегулките од хартија комбинирани со свеќи и други украси, се одличен начин да внесете „снежна“ атмосфера во домот.
7. Персонализирана чаша за вино
Ако имате гости, ваквата декорација со нивното име на чашите за вино, сигурно ќе ги воодушеви.
8. Листа на забавни новогодишни активности
Наместо чаршаф, ставете голем хамер, на кој ќе ги испишете сите интересни работи кои треба да ги направите, а се поврзани со новогодишните празници.
9. Чаши и лампиони
Чашите за вино може да бидат одлична декорација, доколку ги наполните со свеќи и лампиони, и секако, ги завртите наопаку.
10. Свеќи и свеќници во сите форми и бои
Оваа сезона, пуштете ја креативноста и направете интересни свеќници од сè она кое ќе ви се најде при рака.
11. Новогодишни елки
Дали ќе се одлучите за елки од хартија, конец или од некој друг материјал, останува на вас да изберете, согласно вашите желби.
12. Колачи
Секако, новогодишните празници не можат да поминат без вкусните колачи кои се неизбежен дел од секоја трпеза.
13. Интересни декорации
Дали ќе ги изненадите сите со интересен свеќник од коцки шеќер или со слатки декоративни снегулки, останува на вас да одлучите.
14. Украси од портокали
Освен пријатниот мирис на портокалот, тој може да биде и одлична декорација за празничната трпеза.
15. Новогодишни оброци
Направете лесни салати и оброци кои ќе бидат привлечни како со својот изглед, така и со својот вкус.
М. С. | Црнобело