7 научно докажани начини како да внесете повеќе среќа во домот
Само затоа што домот ви изгледа убаво, среден е и секогаш чист, не значи дека ќе се чувствувате среќни во него.
Науката вели дека боите, мирисите и деталите многу влијаат на тоа колку топол че го перципирате домот.
Ова се неколку работи кои ќе ве направат посреќни:
1. Зелени или жолти ѕидови
Едно истражување направено на Универзитетот „Vrije“ од Амстердам откриено е дека токму овие две бои предизвикуваат чувство на среќа.
2. Свежи цвеќиња
Според едно истражување од Универзитетот „Rutgers“, свежото цвеќе го зголемува задоволството од животот.
3. Сентиментални фотографии
Семејните фотографии предизвикуваат чувство на топлина и среќа далеку повеќе од сликите, барем така открива истражувањето направено на Универзитетот од Портсмут.
4. Свеќи со мирис на ванила
Постои причина зошто треба да запалите мирислива свеќа кога сте под стрес, посебно свеќа со мирис на ванила. Едно истражување од Chemical Senses открива дека токму овој мирис го подобрува расположението.
5. Дневник
Водењето дневник е одличен начин да се релаксирате и да анализирате како ви поминал денот. Токму затоа, едно истражување објавено во списанието „Psychological Science“ вели дека ќе бидете посреќни, ако водите дневник.
6. Мириси на цвеќиња
Според APS, мирисите на цвеќе, исто така, го подобруваат расположението.
7. Среден кревет
Средувањето на креветот наутро е одличен ден како да го започнете денот. Според истражување направено на Hunch.com, 71% од луѓето кои си го средуваат креветот после спиење се посреќни.
Н. Г. | Црнобело