11 правила за средена кујна како од каталог

Ергономија, поим на кој забораваме додека сме во потрага да одбереме нешто што е според најнов тренд, што е „кул“ парче мебел... Па, забораваме на квалитетниот и функционален дизајн на кујната.

11-trikovi-so-koi-kje-isplanirate-sovrshena-kujna-01_copy.jpg

Земете метро во рацете и пресметајте кој е идеалниот план за вашата кујна во која можете да подготвувате вкусни јадења за целото семејство.

Неколку работи кои треба да ги имате на ум:

1. Вратите како од кујната така и од фиоките мора лесно да се отвораат, не да имаат препреки. Идеална опција е вратите да се отвораат на надвор, но ако немате таква можност, бидете сигурни дека нема да ги оштетат апаратите како што е фрижидерот.

11-trikovi-so-koi-kje-isplanirate-sovrshena-kujna-001.jpg


2.
Внимателно поставување на мебелот и апаратите.
При местењето на мебелот морате да имате на ум неколку работи:

  • На една страна добро е да ви биде сместена храната, покрај фрижидерот
  • При подготовка на храна добро е да имате добро осветлена работна маса и покрај неа брзите апарати како што е микробрановата за брзо рачно управување
  • На едно место треба да ви се најдат сите садови за готвење
  • По правило, мијалникот и кантата за отпадоци треба да бидат близу едни до други и почесто покрај работната маса каде брзо ќе можете да се ослободите од отпадоците
  • Местото за служење и јадење треба да биде удобно

11-trikovi-so-koi-kje-isplanirate-sovrshena-kujna-2.jpg


3.
Фрижидер + печка + мијалник = работен триаголник,
тоа е делот каде поминувате најголем дел од времето кога сте во кујната.

Линеарни - во еден ред

11-trikovi-so-koi-kje-isplanirate-sovrshena-kujna-3.jpg

Островска кујна

11-trikovi-so-koi-kje-isplanirate-sovrshena-kujna-4.jpg

Паралелна (во два реда) кујна

11-trikovi-so-koi-kje-isplanirate-sovrshena-kujna-5.jpg

Кујна под агол (во форма на латинично L)

11-trikovi-so-koi-kje-isplanirate-sovrshena-kujna-6.jpg

U-форма на кујна

11-trikovi-so-koi-kje-isplanirate-sovrshena-kujna-7.jpg


4.
Апаратите од триаголникот
за да бидат максимално функционални не треба да бидат оддалечени помалку од 1.2 метри и повеќе од 2.7 метри.


5.
Ако трпезаријата е дел од кујната
, имајте на ум дека треба да имате дополнителен простор од оној кој е потребен за триаголникот.


6.
Морате да имате на ум дека секој дел од кујната треба да биде под одредена висина и оддалеченост за да биде функционален.

  1. 75cm оддалеченост од островот до светилката
  2. 25-30cm оддалеченост од столиците до масата за јадење
  3. 90-110cm треба да биде висината на островот
  4. 120cm или доволно простор за двајца
  5. 85cm треба да биде висината на плакарите
  6. 60cm треба да биде длабочината на долните плакари
  7. 30cm треба да биде длабочината на горните плакари

11-trikovi-so-koi-kje-isplanirate-sovrshena-kujna-8.jpg


7.
Работниот простор треба да биде што поотворен за полесно да можете да работите.

  1. 7-8cm оддалеченост на аспираторот од плакарите
  2. 90cm е оптимална должина на работната маса
  3. 60-90cm е оптимална оддалеченост од аспиратотот до рерната
  4. 30cm е минимална оддалеченост на дополнителниот работен простор околу рерната

11-trikovi-so-koi-kje-isplanirate-sovrshena-kujna-9.jpg


8.
Морате да внимавате и на осветлувањето.
 Тоа значи дека онаму каде е работниот простор треба да имате дополнително осветлување, а прекинувачите да бидат заштитени од кондензација.


9.
Исто така, треба да внимавате уште на неколку работи во просторот за работа:

  1. 45-50cm треба да биде оддалеченоста од работната маса и висечките плакари
  2. 45cm за чување на измиените садови
  3. 75-90cm треба да биде оддалечен мијалникот
  4. 90cm треба да биде оддалеченоста од мијалникот и машината за перење на садови
  5. 135cm треба да биде висината на микробрановата

11-trikovi-so-koi-kje-isplanirate-sovrshena-kujna-10.jpg


10.
Трпезаријата треба да има одредени минимални мерки за да биде удобна и функционална:

  1. 12 степени агол на грбот
  2. 45-50cm треба да биде длабочината на седиштето
  3. 45cm треба да биде височината на седиштето
  4. 70-75cm треба да биде висината на масата за јадење
  5. 60-75cm треба да биде височината на столот каде се седи
  6. 90-110cm треба да биде висината на прекинувачот за светло

11-trikovi-so-koi-kje-isplanirate-sovrshena-kujna-11.jpg


11.
Дополнителни мерки за безбедност
- плакарите не ги ставајте близу рерната каде децата можат да се изгорат. Исто така, не треба да ставате лесно запаливи материјали близу рерната.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
8 трикови од минималистите (за да имате секогаш уреден и чист дом) Трик за заштеда на простор: Ако минималистите купат апарат за во кујната, тој си...
18 идеи од Пинтерест за стилско уредување мала бања (фото) Ако имате мала бања, не очајувајте - постои начин да ставите сè на едно место, а...
Трендови за уредување кои изгледаат убаво на Инстаграм, но не се практични Лизгачките врати не нудат никаква изолација, а црниот мијалник се валка многу ле...
Работи во домот заради кои гостите ќе ве озборуваат како неуредна личност Исчистете ги влакната од миленичињата, соберете го презреаното овошје. На кои де...
Идеи како да го средите хаосот над машината за перење (и да не се срамите пред гости) Расфрлани шминки, дезодоранси, по некој детергент и уште тон работи натрупани на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg