7 начини како од малиот тоалет да направите ремек-дело
Можно е од малиот тоалет да направите вистинска уметност, па потребно е само да се препуштите на вашата креативност.
Секако и да искористите неколку тајни од дизајнерите:
1. Додадете контрастни акценти
Аглите на тоалетот можете да ги нагласите со контрастна боја на онаа која преовладува во целиот простор.
2. Линии
Тоалетот визуелно можете да го зголемите ако употребите линии, најчесто во монохроматски бои.
3. Правилна големина на шкафчето
Не можете без шкафче во тоалетот, но затоа морате да одберете добро, да има правилна големина, а најчесто тоа значи да одберете некој потесен и издолжен.
4. Туш во агол
Понекогаш ви се чини како да немате простор за туш во малиот тоалет, но реалноста е дека секогаш можете да бидете креативни. Тоа значи да го поставите во агол.
5. Компактен простор за чување на работите
Дури и во малиот тоалет можете да направите одличен простор за складирање на сите предмети кои вообичаено ги чувате во тоалетот.
6. Баланс
Одберете комбинација на светли тонови на сиво и бело и никогаш нема да погрешите – ќе добиете добро балансиран простор кој изгледа како да е поголем.
7. Мали плочки
Малите плочки кои изгледаат како да сте наредиле цигли, секогаш видно го зголемуваат просторот.
Н. Г. | Црнобело