28 совети кои ќе ви ја олеснат пролетната генералка

Пролетта е време не само за љубов, сонце, птичји песни и уживање, туку и за големо чистење на домот - буквално како некој што би кажал, време за пролетна чистка.

28-soveti-za-polesno-i-zabavno-cistenje-na-domot-01.jpg

Повеќето од нас го презираат тој момент, па за да си го олесните животот и да започнете со чистењето кое инаку толку многу го мразите, можете да се послужите со неколку совети.

Како чистењето да го направите лесно и забавно?

Престанете да се плашите од идејата дека треба да чистите

1. Главното правило за квалитетно чистење е да гледате на сезонското чистење како на освежување на домот, не катаклизма.

28-soveti-za-polesno-i-zabavno-cistenje-na-domot-1.jpg

Планирајте ја работата

2. Сè е поедноставно кога ќе испланирате.

28-soveti-za-polesno-i-zabavno-cistenje-na-domot-2.jpg

Вашиот дом не е место за отпад

3. Со почетокот на пролетното чистење решете се да фрлите буквално сè што не ви треба и што не го употребувате. Не собирајте непотребни работи во домот.

28-soveti-za-polesno-i-zabavno-cistenje-na-domot-3.jpg

Транспарентни прозорци

4. За вашите прозорци да изгледаат беспрекорно, прво избришете ги со крпа и оцет, потоа со чиста вода и оставете ги да се исушат - оцетот е далеку поефикасно средство отколку средствата за стакло кои ги купувате од продавница.

5. Кога ги бришете прозорците од едната страна бришете ги надолу нагоре, а од другата од лево кон десно, така полесно ќе забележите кое место не е добро исчистено.

28-soveti-za-polesno-i-zabavno-cistenje-na-domot-4.jpg

Чисти површини

6. Употребете мокра крпа и метла за да ја исчистите прашината која е насобрана на сијалиците, како и можните пајажини.

7. Подобро е да почнете со чистење од горе па надолу (од покривот па кон подот), бидејќи така прашината нема да се врати на веќе исчистените површини.

8. Мебелот избришете го со крпа потопена во омекнувач за облека, така на него подолго време нема да се собира прашина, ќе биде помек и ќе мириса убаво.

9. Дрвениот мебел ќе изгледа поубаво ако прво ја избришете прашината со мека крпа потопена во чај, а потоа со сува микрофибер крпа.

28-soveti-za-polesno-i-zabavno-cistenje-na-domot-5.jpg

Совршен под

10. Секој под може да блесне ако го исчистите со 2 или 3 лажици оцет во литар вода.

11. Ако имате дамки на ламинатот, употребете медицински алкохол и веднаш ќе исчезнат.

28-soveti-za-polesno-i-zabavno-cistenje-na-domot-6.jpg

Пролетно празнење на гардероберот

12. Добро избришете ја целата внатрешност на гардероберот.

13. Оставете го малку да влезе свеж воздух во него - доволни се час до два часа.

14. Ставете мали парчиња на сапун кои ќе го држат чист и мирислив воздухот наредните неколку месеци.

28-soveti-za-polesno-i-zabavno-cistenje-na-domot-7.jpg

Мек мебел како да е нов

15. При пребришувањето на мебелот ставете солена вода на крпите за да ја избришете целата прашина.

16. Ако имате дамки на мебелот, обидете се да ги исчистите со смеса од лажичка сол, 44ml хидроген пероксид .

17. Најдобар начин за целосно да се ослободите од насобраната прашина на мебелот е да го удирате со мокра крпа насекаде.

28-soveti-za-polesno-i-zabavno-cistenje-na-domot-8.jpg

Совршено чисти предмети низ домот

18. Ако имате библиотека дома, веројатно знаете колку е мачно да се отстрани прашината од книгите. Тоа можете да го направите така што секоја книга ќе ја избришете со благо намокрена крпа во солена вода.

19. Ако имате деца и играчки, истите најдобро е да ги измиете во млака вода со омекнувач за облека и да ги оставите да се исушат.

20. Измешајте сол и вода за да ги избришете сите стаклени или керамички предмети кои го украсуваат вашиот дом.

28-soveti-za-polesno-i-zabavno-cistenje-na-domot-9.jpg

Светкав тоалет

21. Р`ѓата од тоалетот можете да ја исчистите со обелувач.

22. Ако имате завеса на кадата, за да ги исчистите дамките од насобрана вода, во машината за перење на облека ставете малку обелувач (само бидете сигурни дека не содржи хлор) и исперете ја завесата.

23. Стаклата во тоалетот никогаш нема да ви се замаглуваат ако ставите на нив смеса од лажичка желатин растворен во чаша вода.

28-soveti-za-polesno-i-zabavno-cistenje-na-domot-10.jpg

Кујна како од списание

24. Сите полици кои ги имате во кујната можете да ги исчистите со слаб раствор од сок од лимон и вода - ништо нема да мириса.

25. Ако ви мириса фрижидерот, исчистете го со растворот кој ви останал од лимонот и водата, а потоа ставете свежо измелено кафе да седи во фрижидерот.

26. Нема потреба долго да го бришете мијалникот. Само наполнете го со вода и ставете обелувач околу еден час, а потоа само избришете го со средство за миење на садови.

28-soveti-za-polesno-i-zabavno-cistenje-na-domot-11.jpg

Вашите цвеќиња заслужуваат внимание

27. Пролетната чиста се однесува буквално на сè што имате во домот, па и на цвеќињата. Не заборавајте да ги искинете сувите листови, да ставите малку средство за хранење на растенијата и да ги исчистите нивните саксии.

28-soveti-za-polesno-i-zabavno-cistenje-na-domot-12.jpg

За крај

28. Ставете некое ново миленце или можеби завеса, доколку имате можност за тоа и вашиот дом ќе изгледа како нов.

28-soveti-za-polesno-i-zabavno-cistenje-na-domot-13.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Трендови за уредување што ќе бидат хит и трендови што ќе исчезнат во 2024-та Дизајните инспирирани од природата стануваат сè популарни, додека доминацијата н...
10 трикови како да направите домот да изгледа помодерно (и полуксузно) Расчистете го нередот од полиците, а старите шарени перничиња од баба, заменете ...
5 грешки во уредувањето на домот (кои прават да изгледа евтино) Ако штедите на лустерите или ако тие се убави, но не даваат убаво осветлување, т...
Луѓе кои со малку фантазија го сменија изгледот на домот (и ќе ве инспирираат) Малку боја, неколку детали, храброст за да направите промена и секако, вашата фа...
8 трикови од минималистите (за да имате секогаш уреден и чист дом) Трик за заштеда на простор: Ако минималистите купат апарат за во кујната, тој си...
4 начини визуелно да ги одвоите кујната и дневната Кујнскиот полуостров не само што ќе ви помогне визуелно да ги одвоите дневната и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg