6 лесни начини да го освежите и драстично да го промените домот

Мал број од нас се чувствуваат како домот да им е совршен, дури и оние кои најмиле дизајнер на ентериери. Но, и тогаш лесно е да ви здодее изгледот кој порано сте го обожувале. 

6-lesni-nacini-da-go-osvezite-ili-drasticno-promenite-domot-15

За среќа, постојат лесни начини да го освежите домот или драстично да го промените.

Еве некои значајни промени кои ќе го развеселат домот:

1. Изгледот на собата

Ова е најевтината промена која може да ја направите. Променете ја насоката на мебелот и веднаш ќе забележите промена. Одлична идеја е и да ги наместите елементите во собата така што можете што е можно полесно да дојдете од една врата до друга.

Ако чувствувате дека просторот е презаситен со столови, заменете ги со кауч. Да, потребна ви е мала инвестиција, но можете да направите собата да изгледа драматично поголема со само една промена.

6-lesni-nacini-da-go-osvezite-ili-drasticno-promenite-domot-01

6-lesni-nacini-da-go-osvezite-ili-drasticno-promenite-domot-02

6-lesni-nacini-da-go-osvezite-ili-drasticno-promenite-domot-03


2. Бојата на ѕидовите

Втората најевтина алтернатива во која имате огромна палета на бои и нијанси од кои можете да изберете. Длабоките, темни ѕидови создаваат чувство на удобност, нежните лилави нијанси ќе ја направат собата поженствена, а живата црвена боја ќе предизвика возбуда – веселите, богати ѕидови се најдобри за лежерни простори наменети за забава.

6-lesni-nacini-da-go-osvezite-ili-drasticno-promenite-domot-06


3. Додатоци за прозорци

Да бидеме искрени, тие се релативно скапи, но ако сакате целосно да го промените изгледот на собата едни обични бели завеси можат многу да променат. Светлите дезенирани римски ролетни навистина оставаат впечаток.  А, завесите во некоја бледа боја долги до подот ќе ви помогнат полесно да заспиете.

6-lesni-nacini-da-go-osvezite-ili-drasticno-promenite-domot-07

6-lesni-nacini-da-go-osvezite-ili-drasticno-promenite-domot-08


4. Тапацирање

Не би ви препорачале да го тапацирате кое било парче, но ако некое премногу го сакате, а кое изгледа како да не припаѓа во вашиот дом, или премногу ви се кине, новиот материјал можеби ќе биде најдоброто нешто. Неколку метри материјал може да му дадат младешки, модерен изглед. Виолетовата плишена навлака за фотелјата може да биде сосема доволно боја во неутрален простор.

6-lesni-nacini-da-go-osvezite-ili-drasticno-promenite-domot-10

6-lesni-nacini-da-go-osvezite-ili-drasticno-promenite-domot-11

6-lesni-nacini-da-go-osvezite-ili-drasticno-promenite-domot-12


5. Теписи

Иако е многу лесно да згрешите со нив, тие сепак прават драстична промена на просторот. Една од најголемите и најчести грешки е тепих кој е премногу мал за просторот или пак е ставен на погрешно место. Големите теписи визуелно го зголемуваат просторот и плус даваат чист и прецизен изглед.

Убавината на теписите е што можете да си играте со нив – слоевитото редење на теписи е забавен начин како да вметнете шаренило и разноликост во домот. А, ако не можете да си дозволите голем тепих, тогаш купете 2 помали и наместете ги еден од еден или дијагонално за понеобичен изглед.

6-lesni-nacini-da-go-osvezite-ili-drasticno-promenite-domot-13

6-lesni-nacini-da-go-osvezite-ili-drasticno-promenite-domot-15


6. Осветлување

Секоја соба треба да има 3 извори на светлина: амбиентално осветлување, осветлување за работа и нагласено осветлување. Ако ги имате овие 3 извори, тогаш од функционален аспект вашите соби се совршени. Плус, еден од најлесните начини за да го промените домот е преку светлината.

Навистина изгледа убаво трпезариска маса со голем лустер над неа. Кристалните лустери создаваат нишка на луксуз во било кој простор. А ѕидните ламби на влезот се моќен израз на топло добредојде во вашиот дом. 

6-lesni-nacini-da-go-osvezite-ili-drasticno-promenite-domot-16

6-lesni-nacini-da-go-osvezite-ili-drasticno-promenite-domot-17

6-lesni-nacini-da-go-osvezite-ili-drasticno-promenite-domot-18

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ја уредите спалната соба за да се чувствувате покомотно и порелаксирано? Дрвениот под е елегантен и модерен, но ако сакате дополнителна удобност, ставете...
Претворете ја кујната во омилено место од домот: Фенг шуи совети за правилно уредување Проверете ја чешмата. Доколку водата не тече непречено или протекува, експертите...
20 идеи како да додадете топлина и модерен изглед во домот со дрвени панели (фото) Изгледаат одлично како декорација на мал дел од ѕидот, но слободно можете да пре...
10 едноставни трикови кои ќе ви го претворат малиот дом во пространо и удобно место за живот Користете ги паметно огледалата, во спротивно може да го добиете спротивниот ефе...
7 предмети кои ќе му дадат доза на луксуз и на наједноставно уредениот дом Апстрактна слика во 2 или 3 дела за луксузен изглед на домот, необичен раскошен ...
Спој на луксуз и свежина – Идеи како да ја уредите бањата со зелени плочки (фото) Зелената боја смирува, а лесно се вклопува во бањата бидејќи изгледа одлично со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg