Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како да ги отстраните дамките од душекот?

Дали на душеците по дома имате тврдокорни дамки од кои не можете да се ослободите? Секако дека може да ви се случи тоа, особено ако имате мали деца во домот.

kako-da-gi-otstranite-damkite-od-dushekot-01.jpg

За среќа, постои одлично решение за отстранување на дамките и непријатните мириси од душеците со помош на неколку состојки кои веќе ги имате дома.

Како да ги отстраните дамките од душеците?

Потребни состојки:

  • 250ml 3% хидроген (се продава во сите аптеки)
  • 3 супени лажици сода бикарбона
  • Капка течен сапун или средство за миење на садови

Смесата треба да ја направите непосредно пред самиот процес на чистење за да биде максимално ефикасна.

Промешајте ги хидрогенот и сода бикарбоната. Кога сода бикарбоната целосно ќе се раствори во хидрогенот, додадете го течниот сапун и уште еднаш промешајте.

Ставете ја течноста во празен распрскувач и испрскајте го делот од душекот каде се наоѓа дамката.

Оставете ја активната пена да делува, почекајте да се исуши, а потоа само со сува четка отстранете ги остатоците од сода бикарбоната.

Со ова средство можете да го исчистите и целиот душек.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предлог летна декорација - Украсете го домот со сончогледи (фото) Без разлика на сезоната, сончогледите се секогаш добра идеја за да внесете свежи...
На гости кај инфлуенсерката Софија Јанева: Есенски декориран стан во Скопје (фото) „Во мојот дом мирисот на есента се оживува со рецепти како пита од тиква, печење...
Грешки кои ги правите при избирање осветлување за домот Не е важно само да ставите светилки во домот, туку клучно е да откриете каква св...
Еден од најубаво уредените домови во регионот се наоѓа во Србија (фото+видео) „Ентериерот на нашиот дом треба да го носи печатот на нашите души. Тој не треба ...
6 работи во станот во Скопје за кои се каам за изборот откако родив дете Грешка бр. 1 при изборот на стан - до влезот се стига по скали, а нема пристапна...
Александра Шијакоска ја покажа детската соба на новородениот син Риан: „Моето ново омилено катче“ Александра Шијакоска ужива во улогата на мајка на новородениот син Риан, за кого...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg