8 идеи за модерен отворен плакар
Идејата за отворен плакар претставува забавен и практичен начин како да го уредите просторот.
Прво морате убаво да ги испланирате работите, односно да ги одделите оние парчиња облека кои нема да ги носите од работите кои најчесто ги користите.
Плакар позади кревет
Уникатна идеја како да ги наредите вашите омилени парчиња облека. Ќе создадете интересен ефект со внесување на различни бои веднаш зад вашиот кревет.
Метални полици
Ваквите полици нудат флексибилно решение за вашата облека. Во секое време ќе можете на нови и интересен начин да ги преуредите парчињата облека кои најчесто ги носите. Овие полици се издржливи, прилагодливи и практични.
Метален држач
Минималистичка, модерна и што е најважно практична шипка на која можете да ја закачувате вашата облека. Ако немате доволно место во плакарот, шипката претставува одлично решение.
Скандинавски дизајн
Неутрални бои, бел под, бели ѕидови - тоа е она што ја прави собата светла и отворена. Голем плакар ќе ја затвори собата, затоа дизајнерите креирале нешто уникатно.
Микс
Со мешање на полиците и деловите за закачалки добивате креативен простор кој е многу практичен и ќе изгледа како дел од некое списание.
Дрвени полици
Дрвените полици се комбинација на функционалност и уметност. Убавото темно дрво ќе изгледа одлично со другите парчиња мебел во собата.
ИКЕА дизајн
Ако сте љубител на чевлите можете да ги сместите во овој отворен плакар и да го направите да изгледа како уметнички ѕид.
Половина покриен
Ако не сакате да имате целосно отворен плакар од кој се гледа буквално сè, можете барем на еден дел да поставите бела завеса која ќе прикрие дел од облеката.