10 идеи за освежување: Декорирајте го домот без да потрошите ни денар

Ви досади распоредот во станот? Би сакале нешто да промените, но немате многу пари за трошење? Не очајувајте, за пролетното освежување не ви се потребни пари.

10-idei-za-osvezuvanje-dekorirajte-go-domot-bez-da-potrosite-ni-denar-01.jpg

Доколку имате многу украсни перничиња, огледала и книги кои не знаете како да ги наместите и распоредите, па ви стојат растурени, без да знаете дека може да ги претворите во одлична декорација...

Ви предлагаме 10 бесплатни трикови и идеи како да го промените изгледот на домот со самото тоа што различно ќе ги организирате сите детали кои веќе ги имате.

1. Подигнете ги завесите

Ако имате проблем со низок плафон, стратешки позиционираните завеси може визуелно да го зголемат просторот. Поставете завеси кои ќе паѓаат од плафонот до подот и на тој начин ќе го стоплат и прошират просторот.

10-idei-za-osvezuvanje-dekorirajte-go-domot-bez-da-potrosite-ni-denar-02.jpg


2. Многу, многу перничиња

Ако собата ви делува студено и монотоно, ништо не е посимпатично од куп перници. Ова е креативен и многу едноставен начин да го освежите стариот тросед. За дополнителен комфор искористете ги сите пернички кои ги имате дома, во различни големини, дезени и бои.

10-idei-za-osvezuvanje-dekorirajte-go-domot-bez-da-potrosite-ni-denar-03.jpg


3. Огледало на ѕид

Ако не смеете да го пробушите ѕидот и да закачите слики, покријте ги ѕидовите со потпрени огледала. Големото огледало е мултифункционален детаљ кој секоја соба ја прави пространа. Плус, преку рефлексијата ја прави собата двојно посветла.

10-idei-za-osvezuvanje-dekorirajte-go-domot-bez-da-potrosite-ni-denar-04.jpg


4. Создадете амбиент за разговор

Доколку во дневната соба секое парче гарнитура е залепено за ѕид, променете го распоредот. Групирајте ги во круг во чија средина ќе се наоѓа масичка за кафе. На овој начин ќе создадете амбиент за разговор и дружење.

10-idei-za-osvezuvanje-dekorirajte-go-domot-bez-da-potrosite-ni-denar-05.jpg


5. Овошна декорација

Немате доволно детали, а не ви се даваат пари за сувенири? Извадете го овошјето од фрижидер и распоредете го во стаклени садови. Со него декорирајте ја кујната и трпезаријата. Портокалите, лимоните и лиметата ќе донесе цитрусна, летна свежина, а јаболката се одлични за во есен и зима.

10-idei-za-osvezuvanje-dekorirajte-go-domot-bez-da-potrosite-ni-denar-06.jpg


6.Теорија на боите

Единствен спас за едноличниот ентериер се деталите во неонски бои. Изберете една боја - на пример жолта и потоа пронајдете ги сите декоративни предмети кои ги имате во домот. Истакнете ги бокалите, шолјите, книгите, весниците, лимоните, и сите жолти садови.

10-idei-za-osvezuvanje-dekorirajte-go-domot-bez-da-potrosite-ni-denar-07.jpg


7. Наткасна од книги

Наместо да ги трупате книгите на полиците, направете ги корисни. Подредете ги една на друга и направете интересна наткасна покрај троседот или креветот. На тој начин секогаш ќе ви бидат при рака, а ќе ви отворат дополнителен простор.

10-idei-za-osvezuvanje-dekorirajte-go-domot-bez-da-potrosite-ni-denar-08.jpg


8. Природни декорации

Зошто би трошеле пари на скапи декорации кога во природата можете да најдете прекрасни детали? Потпрете неколку гранки на ѕидот и ќе добиете уметничко дело. Од нив може да направите и елегантна ламба. Или пак, наместо свеќник, издлабете едно трупче дрво кое ќе го наполните со ситни свеќички.

10-idei-za-osvezuvanje-dekorirajte-go-domot-bez-da-potrosite-ni-denar-09.jpg


9. Мини вази

Никогаш не ги фрлајте старите чаши ако сте го искршиле остатокот од комплетот. Иако се распар, може да ви послужат како мини вази за цветни аранжмани. Групирајте ги на едно место, во еден послужавник и додадете некој креативен детаљ. Потоа ставете барем по 1 цвет и воодушевувајте им се секој ден.

10-idei-za-osvezuvanje-dekorirajte-go-domot-bez-da-potrosite-ni-denar-10.jpg


10. Детаљ кој ќе ја освежи спалната соба

Оживејте ја спалната соба со тоа што ќе го покриете стариот потпирач за глава на креветот. Преку него префрлете некоја шарена ткаенина, а краевите бутнете ги под душекот за да не се вадат. За само 1 минута ќе видите како креветот ќе добие нов изглед.

10-idei-za-osvezuvanje-dekorirajte-go-domot-bez-da-potrosite-ni-denar-11.jpg

Би можело да ве интересира:

Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
15 сингл мажи покажаа како си го уредиле домот: Од празни ѕидови до совршен ентериер (фото) 15 мажи кои живеат сами, сами го уредиле и просторот во кој живеат. А нивните до...
Идеи како да го средите хаосот над машината за перење (и да не се срамите пред гости) Расфрлани шминки, дезодоранси, по некој детергент и уште тон работи натрупани на...
Едноставни декорации во духот на есента (ако едвај чекате да почне) Тиквите и сувите цветови се сосема доволно за да го украсите домот во духот на е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg