Како од животниот простор да создадете топол дом?

Ако планирате реновирање на домот или доколку од неодамна сте купиле нов стан или куќа, тогаш сигурно од животниот простор сакате да создадете топол и удобен дом.

kako-od-zivotniot-prostor-da-sozdadete-vistinski-dom-1---

Пред да почнете да размислувате што сѐ ви е потребно да купите во вашата листа внесете ги и овие 10 основни предмети кој вашиот нов животен простор ќе го претворат во дом:

1. Шарени и слатки перници

kako-od-zivotniot-prostor-da-sozdadete-vistinski-dom-1

Перниците не постојат само за да додадат боја во вашиот дом, туку за почеток можат да ви послужат и како место за седење доколку сѐ уште немате одбрано кауч. Најдобро е перниците да бидат во различни бои, стилови и големини за да внесат шарена нота и весел амбиент во домот.


2. Билки во домот

kako-od-zivotniot-prostor-da-sozdadete-vistinski-dom-2

Покрај прозорците, на масичките или во ќошевите од собата, билките му даваат живот и зеленило на вашиот дом. Постојат повеќе видови на собни билки кои го прочистуваат воздухот, одберете барем една од нив.


3. Библиотека

kako-od-zivotniot-prostor-da-sozdadete-vistinski-dom-3

Зарем има нешто поубаво од полица со книги во домот? Не морате специјално да купувате полица, туку поставете неколку даски на ѕидовите и на нив наредете ги вашите омилени книги.


4. Чаши со стил

kako-od-zivotniot-prostor-da-sozdadete-vistinski-dom-4

Ако планирате да го прославите вашето вселување или реновирање на домот со пријателите, тогаш набавете чаши со стил. Пластичните чаши не се најдобар избор, а со убавите стаклени чаши ќе оставите впечаток кај вашите блиски дека сте создале топол дом.


5. Фотографии

kako-od-zivotniot-prostor-da-sozdadete-vistinski-dom-5

Фотографиите се задолжителен предмет кој морате да го имате во вашиот дом. Испечатете ги најновите фотографии со вашето семејство и пријатели, врамете ги и декорирајте ги празните ѕидови.


6. Послужавник

kako-od-zivotniot-prostor-da-sozdadete-vistinski-dom-6

За еден животен простор да изгледа како вистински дом мора да поседува послужавник. Тој е неопходен и секогаш ќе ви биде од голема помош, без разлика дали е дрвен или шарен од пластика.


7. Пешкири за гости

kako-od-zivotniot-prostor-da-sozdadete-vistinski-dom-7

Овој гест дефинитивно ќе ги изненади вашите гости. Поставете посебни пешкири за нив во тоалетот и пружете им на вашите блиски кралски третман.


8. Вложете во фотелја

kako-od-zivotniot-prostor-da-sozdadete-vistinski-dom-8

Секој дом би требало да има барем една култна фотеља, која ќе се разликува од другите парчиња мебел. Верувајте, дека со сигурност ќе имате огромна корист од неа.


9. Уметничко дело

kako-od-zivotniot-prostor-da-sozdadete-vistinski-dom-9

Ќе ве инспирира и мотивира. Секогаш треба пред вас да стои вашето омилено уметничко дело, а тоа може да биде и фотографија од интернет. Без разлика што има на сликата, важно е таа во вас да ја буди имагинацијата.


10. Средства за чистење

kako-od-zivotniot-prostor-da-sozdadete-vistinski-dom-10

Не заборавајте во новиот дом да внесете веднаш средства за бришење на прашина, бидејќи сигурно ќе сакате да го исчистите секој елемент кој влегува во вашиот дом. Етеричните масла и миризливите свеќи се исто така вредни предмети кои ќе внесат свежина во вашиот нов дом. 

Би можело да ве интересира:

Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
15 сингл мажи покажаа како си го уредиле домот: Од празни ѕидови до совршен ентериер (фото) 15 мажи кои живеат сами, сами го уредиле и просторот во кој живеат. А нивните до...
Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
7 предмети кои ќе му дадат доза на луксуз и на наједноставно уредениот дом Апстрактна слика во 2 или 3 дела за луксузен изглед на домот, необичен раскошен ...
Идеи како да го средите хаосот над машината за перење (и да не се срамите пред гости) Расфрлани шминки, дезодоранси, по некој детергент и уште тон работи натрупани на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg