Како да внесете поголема среќа во домот?

Во домот каде што живеете се разминуваат најразлични енергии кои ви влијаат на еден или друг начин. Поради тоа, потребно е да ги контролирате, според поставеноста на елементите или навиките кои ги имате и да воспоставите баланс кој ќе ви даде мир, спокојство и среќа.

kako-da-vnesete-pogolema-sreka-vo-domot-01.jpg

Ова се 14 клучни начини за да внесете поголема среќа во домот:

1. Влезната врата на домот треба да ве отсликува вас

Тоа е патот низ кој влегува и енергијата во вашиот дом, затоа е важно да изгледа добро, со јасно испишано име на семејството или број на влезот. Не го претрупувајте со многу украсни елементи, оставете простор за непречено да минува енергијата.


2. Кога одбирате кревет за спиење гледајте тој да има потпирач за главата

Се смета дека тоа ќе ви даде некаква сигурност и заштита. Но, избегнувајте тоа да биде од шипки, бидејќи ќе се чувствувате врзано и заробено.


3. Направете баланс околу креветот

Пред сè е важно да нема ограничувања и ѕидови блиску до креветот за да имате простор од двете страни. Доколку имате масичка од едната страна на спалната, ставете иста таква и од другата страна за да се чувствуваат еднакво двајцата партнери. Доколку спиете сами, важно е да оставите простор и за некој друг.

14-lesni-nacini-za-da-vnesete-poveke-sreka-vo-domot-1.jpg

4. Не ставајте ништо под креветот

Можеби вам ви изгледа како неискористен простор каде може да сместите кутии со сите непотребни работи, но, подобро е тој простор под креветот да ви остане празен и да може воздухот слободно да струи. Ако веќе мора да ставите нешто, нека бидат тоа меки работи кои не ве врзуваат за ништо. Никако не сместувајте работи со кои сте емотивно врзани.


5. Рамките за слики закачете ги повисоко на ѕидот за повисоко ниво на енергија

Без разлика дали се на полици или закачени на ѕид спомените на фотографиите поставете ги на највисоко ниво. Исто така и книгите кои ги читате се препорачува да бидат вертикално поставени.

14-lesni-nacini-za-da-vnesete-poveke-sreka-vo-domot-5.jpg

6. Вратите од собите треба да се отвораат целосно

Исто како што влезната врата ја претставува вашата личност, вратите од собите ја покажуваат вашата отвореност за нови прилики. Доколку само малку ви се отвораат, тоа значи дека има некои пречки поради кои се затворате и не давате можност за секоја прилика да може да ја искористите. Важно е вратите да ви се отвораат најмалку за 90 степени, а пожелно е и целосно.


8. Оставете го нередот ако не ви пречи или средете го и организирајте се

Нередот и натрупаните работи понекогаш ја блокираат целата енергија. Поради тоа тие може да бидат неповолни за вас. Физичкиот хаос има леплива енергија и може да повлече повеќе. Ако ви предизвикува срам и вина, исчистете го. Кога ќе го исчистите ќе оставите простор за празнините да се исполнат со нови работи. Но, ако не ви пречи, оставете го, затоа што она што на некого му изгледа како неред, за вас можеби е сосема во ред и добро се чувствувате. Не си го нарушувајте тоа.


9. Не претерувајте со минимализмот

Кога во домот немате никакви предмети, тоа значи дека тука нема живот. Можеби вам ќе ви изгледа почисто на прв поглед, но ако се обидете да се ослободите од нешто, ќе му ја одземете живоста на станот. Тогаш ќе изгледа како никој да не живее.

14-lesni-nacini-za-da-vnesete-poveke-sreka-vo-domot3.jpg


10. Шпоретот нека ви биде чист бидејќи тој ги претставува богатството и кариерата

Наизменично менувајте ги ринглите кои ги користите. Со нив е исто како во животот, не е добро постојано да правите едно исто нешто. Ако пробате нешто ново, ќе ви се отворат нови прилики.


11. Водете сметка во кој правец ви е насочен мебелот

Ако каучот ви е поставен така што грбот ви е кон вратата, потсвесно значи дека сте исплашени. Ако гледате кон вратата, ќе бидете поопуштени. Доколку имате простор пожелно е дневната соба да ви биде колку може поширока и поотворена. Така ќе привлекувате повеќе енергија и луѓето ќе се чувствуваат пријатно во овој простор.


12. Работната маса ставете ја подалеку од ѕидовите

Кога работите во иста линија со вратата, директно во вас удира бран на забрзана енергија. Така вашата потсвест постојано е напната и може да се чувствувате исцрпено со текот на времето. Ако може, добро би било да не гледате во ѕид туку низ прозор. Ако мора да гледате во ѕид, барем закачете поголеми слики  кои ќе ви помогнат да се чувствувате како да имате повеќе простор.

14-lesni-nacini-za-da-vnesete-poveke-sreka-vo-domot-3.jpg

13. Каблите нека ви бидат подалеку од креветот

Каблите и жиците од електронските уреди пожелно е да ви бидат барем 2 метри подалеку од креветот. Не е препорачливо ниту мобилниот ниту алармот да ги чувате блиску до креветот бидејќи нивните бранови влијаат на сонот, вознемиреноста или несоницата.


14. Подобро би било домашното милениче да не ви биде во истиот кревет

Ако имате таква навика, особено ако креветот го делите и со вашиот партнер, преиспитајте се дека можеби токму тоа е некаква пречка во заедничкиот однос. Но, доколку немате таков проблем, тогаш задржете го и миленичето во креветот.

14-lesni-nacini-za-da-vnesete-poveke-sreka-vo-domot-4.jpg

Би можело да ве интересира:

Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
15 сингл мажи покажаа како си го уредиле домот: Од празни ѕидови до совршен ентериер (фото) 15 мажи кои живеат сами, сами го уредиле и просторот во кој живеат. А нивните до...
Идеи како да го средите хаосот над машината за перење (и да не се срамите пред гости) Расфрлани шминки, дезодоранси, по некој детергент и уште тон работи натрупани на...
Едноставни декорации во духот на есента (ако едвај чекате да почне) Тиквите и сувите цветови се сосема доволно за да го украсите домот во духот на е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg