6 Работи кои вашиот дом го прават старомоден
Време е да го освежите вашиот животен простор со нови и креативни идеи.
Не ви требаат премногу финансии за да имате дом со модерен изглед, туку доволно е само да им најдете соодветна замена на овие 6 работи:
1. Старомодни плочки кои го смалуваат просторот
Плочките во кујната во темни нијанси некогаш беа популарни, но веќе одамна се излезени од мода. Одберете камен мозаик или чисто бели плочки кои ќе ги поставите од долу па до таванот. На тој начин вашиот простор ќе изгледа поголем.
2. Табуретки
Иако изгледаат генијално, сепак тие не се удобни за долго седење. Освен тоа, во споредба со останатиот мебел, табуретките се многу пониски. Најдобра опција се дрвените столчиња на расклопување, кои нема да ви заземат простор. Набавете и удобни перници кои можете да ги ставите на нив.
3. Кујнски елементи направени од полно дрво
Кујнските елементи направени од јавор или даб автоматски ја прават кујната да изгледа старо. Меѓутоа, со неколку слоеви на боја можете да го поправите старомодниот изглед. За да бидете сигурни дека никаде нема да згрешите одлучете се за белата боја или боја на шампањ.
4. Натписи на ѕидови
Заборавете на украсите со големи букви на кои се испишани разни зборови како љубов, храна, семејство... Наместо нив, на ѕидовите поставете некои интересни фотографии во рамки за слики и вашиот дом ќе добие целосно нов модерен изглед.
5. Тенки, висечки сијалици
Иако добро изгледаат, сепак тие нема да ви пружат доволно количество на светлина. Наместо нив одберете лустер во форма на круг со старински изглед. Овие работи се секогаш модерни и одличен извор на светлина.
6. Масивни кревети од полно дрво
Доколку имате кревет со полно дрво, време е да го замените со нов и модерен дизајн. Креветите чиј оквир е направен од тенка конструкција ја прави собата да изгледа визуелно поголема. Над главите закачете слика или некој украс за собата да не биде целосно празна.