Идеи во последна минута: Како да ја декорирате масата за Божиќ?
По неколкуте дена поминати во купување, виткање подароци, средување, чистење и печење на колачиња, сигурно средувањето на масата не ви падна на памет.
Не грижете се ако немате ништо купено, доволно е да го искористите она што веќе го имате дома.
Потребно ви е само малку време.
1. Завиткајте ги салветите со зимзелено гранче наместо со декоративен прстен.
2. Свеќите поставете ги на бела чинија, а околу нив наредете шишарки или гранчиња.
3. Ако немате елка во близина, ставете една поголема гранка во ваза и поставете ја на масата. По желба, може да закачите некој лампион, ѕвездичка или да ја пропрскате со вештачки снег.
4. Ставете неколку лампиони и украси во обична чинија.
5. Наместо цветен аранжман соберете се што ќе најдете во дворот и ставете го миксот од растенија во ниска ваза.
6. Пропрскајте го сезонското овошје со спреј во боја и искористете го како декорација.
7. Изработете сами централна декорација со свеќи од плетени суви гранки и неколку шишарки.