Домашни трикови за штедење струја
Во студените денови се троши многу повеќе електрична енергија отколку во топлите. Сепак, постојат начини за да заштедите и тоа во неколку чекори:
Потребно е само да посветите малку поголемо внимание на куќните апарати и правилно, умерено да ги користите, да ги чистите и да ги одржувате.
1. Додека пеглата е студена избришете ја и исполирајте ја површината со мека крпа. Вообичаените дамки отстранете ги кога е топла со влажна крпа, а тврдокорните со паста за заби. Вклучете ја пареата и испуштете ја поминувајќи на стара крпа. Така пеглата ќе биде чиста и ќе троши помалку струја.
2. Не ја отворајте непотребно рерната додека внатре се пече нешто, бидејќи со секое отворање температурата се намалува за 10 степени. На тој начин се продолжува и потребното време за да се допече јадењето, а со тоа и подолго се троши струја.
3. Важен е и материјалот на садовите во кујната. Металот брзо се загрева, но и брзо се лади. Додека керамиката и огноотпорното стакло ја задржуваат топлината.
4. Наполнете го фрижидерот со шишиња вода, бидејќи тие ја чуваат неговата ниска температура. Со секое отворање на вратата во фрижидерот влегува топол воздух, а потоа му е потребно повеќе електрична енергија за да ја врати старата ниска температура. Затоа важно е да биде наполнет, така што на температурата ќе ѝ биде потребно повеќе време за да излезе.
5. Проверете ги радијаторите бидејќи за време на летото во нив навлегува воздух, поради што послабо греат.
6.Одмрзнете го замрзнувачот бидејќи така ќе му биде полесно да ја одржува потребната температура и да троши помалку струја.
Имате некој трик плус?