Трикови за уредување со кои домот ќе ви изгледа луксузно (без да потрошите многу пари)
Закачете ги завесите високо и купете бели крпи и постелнини бидејќи нема да избледат по 2-3 перења (и ќе го задржат луксузниот изглед).
Не треба да го реновирате целиот дом за да му дадете полуксузен изглед – доволно е да промените само неколку детали.
Секако, важен е изгледот на мебелот, но некогаш важно е и како или каде се поставени некои работи, па и нивната големина.
Трикови со кои домот ќе ви изгледа луксузно:
Закачете ги завесите што е можно повисоко
Високите тавани секогаш делуваат полуксузно.
А, ако немате високи тавани, можете да направите илузија со завесите – закачете ги што е можно повисоко, најдобро на самиот таван.
Притоа, важно е завесите да бидат долги до подот.
Украсете со растенија
За полуксузен изглед на просторот, покрај малите, препорачливо е да имате и една-две големи саксии кои ќе стојат на подот.
Секако, важно е бојата на саксијата да одговара со ентериерот.
Користете бели крпи
За полуксузен изглед на бањата, држете се до бели крпи.
Ако имате закачено неколку крпи, сите во различни бои, ќе ја нарушите хармонијата на просторот, дури и ако ја имате најлуксузната бања.
Покрај тоа, шарените крпи избледуваат од перење и не изгледаат добро.
Внимателно одберете ја големината на теписите
Не е важен само дезенот на тепихот – големината е можеби уште поважна.
Големината треба да биде соодветна со просторијата. Односно, во поголема просторија ќе треба да ставите поглем тепих.
Ако, пак, просторијата е помала, не е препорачливо тепихот да го покрива целиот под бидејќи може да го „задуши“ просторот.