Трикови за уредување со кои домот ќе ви изгледа луксузно (без да потрошите многу пари)

Сменете ги штекерите и прекинувачите

Штекерите и прекинувачите за светилките се нешто што обично се занемарува, но иако се мали, можат да направат огромна разлика.

Не мора да купувате скапи штекери и прекинувачи, туку одберете поминималистички модели кои ќе се вклопат во ентериерот.

Важно е и да не бидат пожолтени.

trikovi-za-ureduvanje-so-koi-domot-kje-vi-izgleda-luksuzno-bez-da-potroshite-mnogu-pari-06.jpg

Офарбајте ги рамките на прозорците

Ако веќе сте задоволни од изгледот на домот, но ви се чини дека ви недостасува нешто, тогаш променете ја бојата на рамките на прозорците.

Обоените рамки секогаш делуваат полуксузно од белите.

trikovi-za-ureduvanje-so-koi-domot-kje-vi-izgleda-luksuzno-bez-da-potroshite-mnogu-pari-7.jpg

Средете ја ноќната масичка

Ако ноќната масичка ви е натрупана со сè и сешто, целата спална ќе изгледа хаотично.

За луксузен изглед, на масичката чувајте ги работите што навистина ги користите и тргнете сè останато.

trikovi-za-ureduvanje-so-koi-domot-kje-vi-izgleda-luksuzno-bez-da-potroshite-mnogu-pari-08.jpg

Купете постелнина со светла боја

Слично како со крпите, и постелнината со светла боја може да направи просторот да изгледа полуксузно.

Покрај тоа, бојата на светлата постелнина нема да избледи по неколку перења и ќе го задржи убавиот изглед многу подолго.

trikovi-za-ureduvanje-so-koi-domot-kje-vi-izgleda-luksuzno-bez-da-potroshite-mnogu-pari-9.jpg

Украсете ги ѕидовите со слики

Уметничките дела во убави рамки секогаш му даваат доза луксуз на просторот.

Само, најдобро избегнувајте слики со клише натписи бидејќи може да го постигнете спротивниот ефект.

trikovi-za-ureduvanje-so-koi-domot-kje-vi-izgleda-luksuzno-bez-da-potroshite-mnogu-pari-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

11 трикови со кои со малку пари ќе му дадете доза на стил и елеганција на домот Завеси од кадифе, книги со кои ќе му дадете лична нота на просторот - како со ма...
Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
15 сингл мажи покажаа како си го уредиле домот: Од празни ѕидови до совршен ентериер (фото) 15 мажи кои живеат сами, сами го уредиле и просторот во кој живеат. А нивните до...
7 грешки што треба да ги избегнувате за домот да ви делува „топло“ во есен Користите само светли бои и имате само еден извор на светлина – кои грешки да ги...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg